Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Аурора“ на младата авторка Ивона Марковска-Нона

Денес се одржа и првата промоција на ова дело на саемот на книга, каде Ивона имаше потпишување на книгата на оние кои ја набавија или на штандот на издавачката куќа “Култура“.

-Една глува, празна ноќ е виновна за сè. Таа ги помести сите коцки, ја измеша целата сложувалка и ја остави Аурора да копнее, да тагува, и сè што гледаше од прозорецот на својата соба да биде град со ќуќи од карти, црни сенки, а низ крвта да и тече отровот на болката. Аурора е фикција за млади, проследена со романса. Во текот на делото има голем број на заплети и расплети, кои го поврзуваат минатото и сегашноста. Приказна која зборува за секојдневието со кое се среќаваат младите, последиците од кажаните лаги, приказна која ќе поврзе два различни светови, ќе спои и ќе раздели две срца, и ќе ја докаже моќта на другарството. Љубовта е единствената нишка која може да поврзе различни светови, да ги излекува сите срца и дапобеди сè! Низ перото на, само шеснаесетгодишната, Нона ги допираме најдалечните констелации на емоциите, кои на ваков начин може да ги преточи само едно искрено срце, напишаа рецентите од “Култура“.-Несекојдневно, екстравагантно, а истовремено толку елегантно… неверојатна фикција измешана со трагови од реалноста, успевајќи да биде супериорна забава, а истовремено и приказ на вистинскиот живот на денешната младина., стои меѓу другот во рецензијата од Милана Митовска , автор на “Јас ќе бидам поет, а ти мојата Поесиа“.

-“Аурора” е невообичаена животна приказна која ќе ве натера да гледате на животот на еден невообичаен, но сепак подобар начин. Ќе ве научи како да не се откажувате од тоа што ги сакате без разлика колку истото делува недостижно. Светот нема потреба од кукавици. Такви ги има и повеќе од доволно. Но, има потреба од јунаци кои ќе веруваат во себе и во своите соништа. Јунаци кои ќе ги научат останатите како да бидат светлината во мракот, среќата во тагата, љубовта во омразата, добрината во злобата, како што и самата авторка опишува на крајот. И најважно од се, како да бидат херои на својата приказна, напиша рецензентот, Моника Димитровска автор на “.Жива меѓу мртвите“

Инаку, аврорката Ивона Марковска- Нона е ученичка во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, а љубовта кон пишувањето ја има од многу мала. На осум години почнува да работи на “своја книга“, а на 14 години ја објавува првата книга “Пронаоѓање“ објавена во три тиражи. Ивона Марковска- Нона е волонтер на Младиснкиот култутен центар во Битола. Учествувале во многу проекти и јавни насрани, а исто време е член на Ротари интеракт Широк Сокак и Медија арт клубот од МОФ. Има напишано многу текстови и поеми, а две колумни објавени во младинскиот весник “Медиум“ во “Нова Македонија“ . А има обајено и текстови на порталот “Жива меѓу мртвите“.

Книгата е достапна на саемот на книга со саемски попуст, на официјалната веб страна на Култура (www.kultura.com.mk) и во книжарниците на Култура.

Промоцијата за во Битола е закажана на 22.05.2019 од 17:00 часот во малата сала на Домот за Култура.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.