Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале го организира третиот меморијален турнир “Јоше Џентиле“ (фото)

На малиот фудбалски стадион “Кајнак“ во населбата Јени маале, вчера се одржа третиот меморијалем фудбалски клуб “Јоше Џентиле“, кој го организираа фудбалерите на овој клуб, во чест на прерано починатиот нивни голем поддржувач и еден од основачите на клубот, Јоше Симоновски – Џентиле.

Синот на “Џентиле“, Николче Симоновски – Јошката, кој сега живее во Австралија, на клубот му донираше и комплет дресови, кои ги промовираа вчера.Потоа се одржа и фудбалскиот натпревар помеѓу ветераните на клубот и сегашните помлади фудбалери, по што следуваше и дружење на повеќе генерации жители на овој дел од Битола и нивни гости, каде на заеднички коктел, се присетија на иѐминатите 10 години од формирањето на клубот. 

-Ова е трет по ред  турнир во чест на нашиот голем поддржувач кој доаѓаше со нас на сите терени каде настапувавме во општинските лиги, а беше и еден од оние кои не подржуваа во сите одлуки. Затоа сакаме на овој начин да му оддадема мала почит, а ние знаеме дека ова не е некоја голема спортска манифестација, но за нас фудбалерите и жителите на овој дел на оваа населба е голема работа. Се надеваме дека од година во година овој за сега мал фудбалски турнир ќе прераснува во поголем спортски настан, рекоа од фудбалскиот клуб Јени Маале.Останува е останатите клубови и здруженија од нашиот град да го следат примерот на овие жители на битолската населба да се присетат и да им оддадат признанија на заслужни членови кои помогнале на било кој начин во организацијата и живеењето на маалските спортски клубови, здруженија, уметнички друштва…

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.