Press "Enter" to skip to content

Љупка Коларова-Пајевиќ, главен организатор, за почетоците на Фестивалот на монодрамата

Со премиерата “Бакхи – Краток преглед на распадот“ на НУ Народен театар – Битола синоќа се отвори 21. Интернационален фестивал на монодрама, кој е единствен фестивал за монодрама во нашата држава со традиција поголема од 20 години. Како и секоја година квалитетен репертоар, достоен за сцената и публиката која секоја година доаѓа во Центарот за култура. За почетоците на фестивалот со традиција од 21 година позборуваавме со главниот организатор на истиот Љупка  Коларова-Пајевиќ која со нејзиниот ентузијајзам и е најзаслужна за да започне овој фестивал.

Кажете ни за почетоците и идејата да се отвори овој фестивал во Битола?-Со голем ентузијазам, но и мали финансии во далечната 1999 година започна овој Фестивал на монодрамна и пантомима или т.н. “Театар во куфер“. Како директор на  тогашен Дом за култура се заложив, и  со многу малку средства започна овој фестивал. Во почетокот имаше ревијален карактер и на репертоарот имаше само македонски монодрами. Интересот беше голем и гости на тие први фестивали беа познати актери од нашите театри низ државата како Мите Грозданов, Шенка Колозова, Доне Донев и други. Тоа траеше цели три години кога беше единствен фестивал на македонски монодрами.

Кажете ни кога овој фестивал прерасна во Интернационален со гости актери од регионот и пошироко?

-За Фестивалот во тоа време имаше голем интерес заради квалитетниот репертоар и актерите кои гостуваа. По 3 години на  иницијатива на Александар Илиев, познат пантомимичар и професор по глума од Бугарија, познат и по тоа што со своите изведби како пантомимичар влезе во Гинисовата книга на рекорди, фестивалот прераснува во Интернационален со збогатување на репертоарот со гости од регионот и пошироко. Во тие почетни години на Фестивалот на монодрама гости актери беа познати актери како Љуба Тадиќ, Светлана Цеца Бојковиќ, Зијах Соколовиќ, Сека Сабљиќ, тука е и Тарик Филиповиќ во поновиот период. Потоа фестивалот од ревијален преминува во Интернационален фестивал со натпреварувачки карактер.  Се доделува Гран при за најдобра монодрама и понекогаш може да се додели награда напоредно и за најдобар актер, како и награда од публиката кога за некоја монодрама има голем интерес и има комерцијален успех и се бара карта повеќе, а при тоа се изведува во големата сала. Обично мондрамите се изведуваат пред помал број одбрана публика која  го преферира овој специфичен фах на изведба, кој секако е еден од потешките актерски изведби и изразувања кога е само еден актер на сцена, и се обраќа на публиката час и половина и повеќе.Фестивалот е член на Светската асоцијација  на монодрама при Унеско

-Во 2003 година фестивалот за монодрама станува член на ИТИ или Светската асоцијација на моно фестивали при Унеско т.н. „One man show“.

Какви сеќавања и впечатоци имате за овие 20 години од овој Фестивал поврзани со актерите и случувањата?

-Во период од 20 години гостувале светски познати актери и монодрами. Тука би го споменала Јануш Столарски од Полска кој ми остави впечаток што таа година кога гостувашпе додека другите актери се подготвуваа и држеа проби и технички се подготвуваа, тој цело време го поминуваше некаде надвор. Кога дојде неговата монодрама тој застана на сцената и ја воодушеви публиката која цело време плачеше со неговото претставување. Се уште се сеќавам на впечатокот кој го остави на публиката. Ова е само едно доживување кое го пренесувам, но за сите овие години имнаше уште многу прекрасни моменти на кој се сеќавам на овој фестивал со многу гости како актери така и техничка подршка.Што би издвоиле од годинашниот Фестивал и да споменеме некои имиња?

-Еве ќе ги кажам и некои од овогодинешните гости меѓу кои познатата хрватска актерка Миа Беговиќ со нејзината монодрама. Жирито ќе го сочинуваат Ментор Зумберај од Косово, потоа Нина Мазуро долгогодишна соработка со Софија Ристовска-Петрушевска која помага организација и како да се дојде до тие познати актери и монодрами, а тука е и селекторот Петар Мирчевски. Мора да се спомене и директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска -Илиевски, која иако без финансии од Министерството се заложи и успеа да го организира овој Фестивал на монодрамата.

Кажете ни околу организацијата и каква е одговорнаоста да се биде главен организатор на фестивалот сите овие години?

-Одговорност голема. Кога завршува едниот фестивал веднаш се приоѓа кон организација на следниот за другата година. Во смисла на наоѓање и договарање на актерите кои мора да се организираат и неколку месеци пред, заради нивните ангажмани, тука се и финансиските средства кои секогаш биле мали, а оваа година и ги нема. Но, ние продолжуваме со традицијата Фестивалот на монодрамата да опстојува. Имаме голема подршка од Центарот за култура Битола и НУ Народен театар. 

Жанета Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »