Press "Enter" to skip to content

Маја Богоевска новинар: новинарот при известувањето треба да биде концизен, јасен и пред се објективен

Пишува: Жанета Ристевска

За разговорот мојата соговорничка дојде точно навреме во секунда, што се вели, иако во  трка со времето заради нејзината ангажираност да стигне на повеќе прес-конференции кои ги имаша тој ден.  Како новинар кој пишува и известува  за повеќе медиуми  таа мора  секогаш  да биде на точното место и точно на време или новинарски “On the face of the place“.

-Сигурно е дека најважен дел од нашата работа новинар е да се биде точен бидејќи нема да те чекаат тебе за да почне прес-конференцијата, започнува Маја, со насмевка и продолжува: таа особина на одговорност и почит да се стигне точно навреме  ја поседувам, но ја научив и низ мојата работа.Ангажирана за повеќе медиуми дописник  за ТВ Сител  од Битола, пишува за порталот “Шеталиште“, соработник во  редакцијата на “Детска радост –  Просветно дело“ каде пишува раскази за деца,  дел од  тимот на продукцијата “Creative production“  заедно со својот сопруг, Сашо Богоевски снимаат документарни филмови и репортажи. Во нејзината биографија исто така стои неколкугодишна работа  новинар во локалната телевизија  “Тера“,  една година практикант во американска телевизија и  веб страна на универзитетот  во Тенеси. Но, низ разговорот  ќе ни објасни за сите овие нејзини ангажмани како што и ни кажа “Концизно, кратко, јасно…“. Кажи ни како  успеваш да се организираш околу сите твои ангажмани?

 -Постојано сум во трка со времето, да се стигне на време и на вистинското место. Во оваа работа научив и дека треба да се биде практичен, многу концентриран и крајно професионален.  Притоа  да се поседува  некој “новинарски осет“ за да се забележи нешто интересно, нешто што ќе заинтригира. Љубопитноста да се истражува наоколу  исто така е важен момент.

Секако дека љубопитноста како  особина е значајна  за еден новинар и таа да се насочи во права насока. Таа е еден од  новинари кои и се школувал за својата професија  на интердисциплинарни студии по новинарство на универзитетот “Св. Кирил и Методиј “ во Скопје. Нејзини карактеристики се скромност и ненеметливост, но, таа се истакна со нејзината професионалност, квалитет, доследност и пред се објективност, значајни за еден  новинар. Кога се пројави таа желба и љубопитност за пишувањето?-Уште од многу мала возраст во основно образование јас започнав да пишувам. Од почеток тоа беа песнички, потоа кратки состави за различни теми годишно време, природа, животни… мојата фантазија беше голема. Мислам дека и до ден денес тие први состави ми се инспирација кога творам и пишувам раскази за деца во кои пронаоѓам задоволство и себеси. Сега кога пишувам како да се враќам во моето детство, кога  пишував за кокичето, пролетта, баба меца, Дедо Мраз…

-Раскази за деца пишувате и  ги читаат многу дечиња во “Росица“ и “Другарче“ како   соработник  на редакцијата на “Детска радост – Просветно дело“. Кажете ни повеќе за овој ваш ангажман и како започна?-Соработката започна на покана и повик на уредникот на “Детска радост“, Ксенија Маказлиева Трајчева, да бидам дел од нивната редакција. Бев вклучена во еден проект каде го пишуваав сценариото за деца.  Г-ѓа Ксенија го препозна и  се допадна мојот  стил на пишување и креативна енергија. Така станав соработник на редакцијата на “Детска радост“ и од  2017 година пишувам кратки детски раскази кои се објавуваат во списанијата “Росица“ и “Другарче“, за најмалите ученици од основно образование. Би истакнала  дека посебно задоволство и уживање ми претставува пишувањето за деца. Но пред мене стои и голема одговорност за тоа што го творам да поседува и  едукативна компонента, односно  додека децата го читаат расказот, научат и  извлечат  позитивна порака и наравоучение. Со детските раскази морам да допрам до нивниот свет на фантазија и  признавам дека често ги користам размислувањата и мудрите мисли и идеи на мојата осумгодишна ќерка Доротеја, која со своите “мисли и размисли“ ми е непресушен извор на детски идеи. Често во моите  раскази има и нота на комичност за да бидат интересни. Овие раскази ги пишувам доцна во ноќите “на раат“ и настрана од другите настани. Низ фантазијата често и се  опуштам после напорниот ден.

Дневното известување во новинарство е сосем поразлично од пишувањето на статии и раскази. Кажи ни повеќе околу тоа?-Се разбира дека е многу поразлично.  Како што  претходно напоменав, ние сме во постојана трка со време и само со добра организираност се постигнува да се извести брзо и навремено. Информацијата не чека. Искуството од работата во локалната  ТВ “Тера“ ми е драгоцено.  Добро е што во овие прилози имам голема помош од мојот сопруг во смисла на техничкиот дел бидејќи со него ги снимам прилозите. Но, потоа често и сама ги монтирам, така да тоа што сум го замислила во мојата глава го реализирам. Секако дека во техничкиот дел драгоцено е знаењето и искуството на сопругот. Не е едноставно, бидејќи мора се да биде брзо и навремено за да се прати прилогот, еве на пример за во вести на ТВ “Сител“. Сето ова  учи низ искуството, но секогаш велам во оваа дневно новинарство треба да си подготвен на се, и секогаш да имаш план Б… ако не оди се по планот што првобитно  и сме го замислиле.

Дописник за ТВ “Сител“ од Битола. Одговорноста е  голема … Кажи ни за твојот ангажман и  соработка?-Соработката тргна сосема спонтано и еве веќе период  од 2018 година се јавувам со настани во живо од Битола. Одговорност голема и се разбира во секој момент треба да се биде на лице место на значајни настани од градот кои треба да се пренесат. Известувањето оди во живо и пред камерата  нема место за грешки, концентрацијата, се треба да е на највисоко ниво. Исвестувањето мора да биде кратко и јасно за да им се пренесе на гледачите она што вистински сакаме да го пренесеме, за да не дојде до забуни. Праќам прилози за ТВ Сител, но понекогаш  и се вклучуваме во живо за да известиме од Битола. Исто така снимаме и репортажи и  стории за во утринската програма на ТВ “Сител“, што е дополнителен ангажман. Овде  повторно би кажала дека тимската работа со сопругот во однос на снимањето допринесува за се да биде брзо, точно и навремено. Презадоволни сме од соработката со тимот на ТВ “Сител“, професионален и коректен однос пред се.

Медиумите на социјалните мрежи – портали.  Твое мислење…-Современо новинарство и известување, секоја вест се шири со голема брзина.  “On line“ новинарството  ме заинтригира уште далечната 2006 година кога бев во САД преку нивната  амбасада и програмата на “Proffesional developer year“. Бев практикант два семестри на  унивезритетот во Тенеси. Во тој период работев  за две локални  телевизии.  За време на тие семестри  учествував во работата и уредување на WEB страната на студентите од  универзитетот во Тенеси. Кај нас во тој период овој вид на  новинарство т.н. “On line“ беше мисловна именка заради недостаток на технологија. По враќањњето од САД со сопругот 2007 година  го отворивме првиот портал кај нас www.makmreza.com кој беше  новина и се читаше во многу делови од светот, но тој период тука  не бевме технолошки подготвени за медиуми и известување на социјални мрежи и “Фејсбук“. Неколку години потоа, некаде 2013 година, започна првиот портал за Битола и регионот “Шеталиште“, а таму бев ангажирана во 2016 година. Во тој период  бев воодушевена од “on line“ новинарство кое и го проучував. По неколку години се појавија и други портали кај нас, и сега овој вид на пренесување на информации е во експанзија, особено последните 3-4  години. Порталите бараат малку поинаков пристап, тука важни се информациите, но често атрактивен наслов, фотографии можат да бидат и позначајни, за да се отвори постот и да се чита. И тука се трудам да бидам професионална во пишувањето и се додека не сметам дека е добро стилски и граматички напишано, не праќам прилог. Понекогаш и за еден збор консултирам литература. Секогаш се трудам да сум на ниво на задачата било да пишувам за порталот  “Шеталиште“, или да известувам за ТВ “Сител“.

Creative Production“ продукција каде заедно  со вашиот сопруг создавате и се надополнувате. Креативност, слобода на изразување…-Секако дека тука ја изразуваме нашата креативна енергија на теми кои ни се интересни и сакаме да ги забележиме, да оставиме материјал од  значајни настани и репортажи.  Снимаме документарни кратки филмови или спотови  на различни теми од историја, традиција, современо живеење… Досега имаме неколку успешни соработки и реализации. И тоа репортажа за традицијата – кафе на Широк Сокак, модата на битолчанки, потоа репортажа за општина Могила, снимање на манифестациите “Незаборав“, “Локум фест“, “Маршот на живите“- документиран филм и видео запис и други. Имаме многу идеи,  инспирација и ентузијазам за реализирање на плановите во иднина. Се разбира идеите на сите мои, на сопругот и на нашата ќерка се непресушни.

Како функционирате како семејство, каде обврските професионални, работни и домашни ви се испреплетуваат?-Како семејство сме скоро секогаш сите заедно и се надополнуваме и си помагаме. Сигурно е дека без оваа подршка на сите околу мене, вклучувајќи ги и бабите и дедо, не би можела да постигнам со сите обврски кои се наметнале, но и сама сум ги превзела. Заедничката работа со сопругот има многу позитивни страни, но се разбира и недостатоци. Но, тие се занемарливи кога се гледа крајниот резултат. Заедно црпиме енергија еден од друг и секако тука сме заедно да си даваме поддршка и надеж во тешки моменти. Ќерката исто така ни помага кога доаѓа со нас. А нејзините мудри детски мисли, идеи и детска фантазија секогаш ни се добродојдени и се непресушен извор за моите детски раскази.Заради сето ова и успехот на многу полиња не изостанува.  Секако најголем успех на мојата соговорничка е што како жена направила правилен баланс помеѓу професијата, работата и семејството. Скромна и ненамтелива како што ја опишав на почетокот, но професионалана и секогаш на врвот на задачите кои доследно  ги исполнува.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.