Press "Enter" to skip to content

Победа над Охрид на кошаркарите на Пелистер (фотогалерија)

Пелистер – Охрид АВ 87:73 (23:21, 17:15, 21:19, 26:18)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 100

Судии: Јанков, Ѓоревски и Стојчевски

Пелистер: Атанасовски 3, Голубовиќ 19, Талевски 4, Харис 26, Обедниковски 7, Захариевски 5, Давков 15, Трајковски 6, Ѓоргиевски 2, Арсовски, Секоловски.

Охрид АВ: Атанасов 10, Настовски 16, Димитријев 14, Косковски 8, Бојовски 9, Тасков, Зафиров 11, Анастасовски, Кузмановски, Ценовски 3, Волијановски 2, Стојановски.Во завршницата на сезона екипата на Пелистер ја победи екипата на Охрид АВ во натпревар од 7. коло од плеј-аутот. Екипата на Охрид настапи без ниту еден странец, а во Пелистер подолго време го нема американецот Билер.Двете екипи играа рамноправно во првата и втората четвртина, а и резултатот беше изедначен, по 10 минити беше 23:21 за Пелистер, а на одмор домаќините заминаа со +4 (40:36).Во третата четвртина Охрид АВ не само што израмни туку и поведе по две минути игра 42:43, а потоа Пелистер поведе со 47:45. По 6 минути игра повторно беше нерешено 49:49, а до крајот “пелистерци“ водеа, а овој квартал заврши 61:55.Во последната четвртина екипата на Охрид некаде кон средината стигна само до -1 (66:65), а потоа со поцврста одбрана и прецизни шутеви Пелистер ја зголемуваше предноста за на крај таа да биде 14 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Харис со 26 кошеви, а следуваат Голубовиќ со 19 и Давков со 15.Идното коло екипата на Пелистер гостува кај Шкупи.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.