Press "Enter" to skip to content

Козметичкиот салон “Уна нова“ со промотивни пакети за слабеење во мај

После зимскиот период со доаѓањето на пролет, месец мај е совршен за да си посветите време  на себе за нега, разубавување и доведување на своето тело во форма. Козметичкиот салон  “Уна Нова“ со своите промотивни пакети за слабеење  ќе се погрижи за тоа.За  промотивните пакети и услуги поразговаравме со Анкица Стевановска, менаџер на тимот на “Уна Нова“. Вашиот салон за овој мај нуди  промотивни пакети за слабеење пред доаѓањето на летото кога секој сака добра фигура за убавите летни месеци и годишни одмори. Кажете ни повеќе за овие промотивни третмани за слабеење во кои има и третмани во инфрацрвената капсула или т.н. “спејс шатл“ со која може да се пофали само вашиот салон како последен збор на техника и технологија во козметологијата?

-Еве би кажала за инфрацрвената капсула “спејс шатл“ која како што споменавте изгледа научно фантастично таа и дава фантастични резултати. Тие се намален обем и слабеење, стимулација и регенерација на ткивата и кожата, отстрануваљње на целулит намалуввање на проблемите со масните наслаги. Покрај овие резултати за слабеење и релаксација таа има и успешни резултати во медицинска физиотерапија после скршеници, постоперативни зафати, болки во коски, зглобови, мускулни болки, ишијалгични болки и др.Понатаму ќе претставиме и третманите за слабеење по промотивни цени за овој месец,  а тоа се: алго пакување, мадеротерапија, антицелулитне масажа кои се комбинираат со инфрацрвениот тунел. Со овои  пакет комбинации клиентките ќе добијат голем бенефит за своето тело како за намалување на обем така и детоксикација, ревитализација и релаксација. После овие третмани  ќе се чувствуваат убаво и пријатно. Еве ќе објаснам накратко за нивното дејство.

-Алгопакувањето е третман со морски алги кој се користи за прочистување на телото, како и за е со масните наслаги. Морските алги помагаат во:-забрзано уништување на масти неутрализација на целулитот,„преродба“ на епидермисот намалување на стрии, да се ослободиме од токсините од ткивата и релаксација.

-Мадеротерапијата е најефикасен метод за борба против целулитот го „крши“ и „пука“ истиот-Антицелулитната масажа го „крши“ и дренира целулитот. Таа има за цел да ја израмни кожата која изгледа како кора од портокал, која е проблем скоро на секоја жена.

– Третмани “боди врапинг“ (термо ќебе) за намалување на обеми детоксикација на цело тело која ни е потребна после зимските месеци.

Фитнес центарот со своја фитнес програма се составен дел на пакетите за слабеење кои ги нудите и секогаш “Уна Нова“ нуди нов  промо пакет за слабеење со поволни цени со фитнес тренер и антицелулитни масажи за подобри резултати. Кажете ни повеќе? -Нашиот салон нуди многу добри понуди на пакети за слабеење кои  се поврзани со фитнес програма која успешно ја води нашиот фитнес-тренер, Билјана Трапановска. Се разбира резултатите за слабеењето се подобри ако се повразани со вежбање. Од проморивните пакети за слабеење за овој месец нудиме голем попуст за клиенти кои сакаат да се во добра форма и негувано тело. Нудиме попуст за чланарина во фитнес центарот комбинирана со пакетите за слабеење комбинирани  антицелулитни третмани кои ќе ја подобрат циркулацијата и изгледот на кожата така да и вежбањето ќе има поголем ефект. Тука би го споменала и  пакет за користење на солариумот кој е многу популарен во овој период пред годишните одмори и пред доаѓањето на летото кога секој сака потемнет сјаен, мазен тен. Секако нашите редовни клиенти и оние кои ќе ги прават третманите за слабеење добиваат попуст на користење на солариумот кој е исто така најнов збор на технологијата.

 Би ги поканила нашите, битолчанки да не посетат во “Уна Нова“ кој се наоѓа во “Пелагонка 2“, 1 кат и да информираат и да резервираат термини на телефоните: 047/60 99 99  и  075 433 103.

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.