Press "Enter" to skip to content

Трибина “Македонско-руските стопански односи“ на Славјански (фото)

Потпишано „Писмо на намери“ помеѓу  Регионалното здружение за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ и Регионалната комора со седиште во Битола.Во Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“ во Битола, во организација на Македонско-руската стопанска комора и Регионалната комора со седиште во Битола, беше одржана трибината на која се зборуваше за стопанската соработка помеѓу нашата држава и Руската федерација, насловена “Македонско-руските стопански односи“.

На трибината на која присуствуваа голем број на битолски стопанственици, зборуваше м-р Дејан Бешлиев,извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.Според зборовите на м-р Дејан Бешлиев, Руската Федерација во Северна Македонија пласира енергенси и производни машини, а овдешните компании на овој голем пазар пласираат фармацевтски производи, свежо овошје и зеленчук, тутун и индустриски производи од тутун, конзервни производи, кондиторски, млечни производи… Но, Република Северна Македонија и Руската Федерација ниту оддалеку ги немаат искористено можностите за развој на меѓусебната  економска соработка и таа се одвива циклично.Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола,  го истакна изразитиот интерес на ова регионално стопанство за извоз во Руската Федерација. Во првите месеци од годинава компаниите кои делуваат на  подрачјето на Регионалната комора со седиште во Битола неколкукратно го имаат зголемено извозот на овој голем пазар.-Заедно со Македонско-руската стопанска комора на почетокот на јуни ќе организираме средба со компаниите од овој регион заради договор за уште поагресивен и пообемен  настап на рускиот пазар.Нашата желба е обемот на трговската размена   меѓу двете земји постепено да се зголемува и да ја достигне  некогашната вредност од 1 милијарда САД долари,  најави Мирко Велковски.По завршување на трибината, на собирот во Битола беше потпишано „Писмо на намери“ помеѓу  Регионалното здружение за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ и Регионалната комора со седиште во Битола, кое го потпишаа Пеце Гаштарев и Мирко Велевски.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.