Press "Enter" to skip to content

“Бовин“ со дегустација, презентација и обука за келнерите од хотел “Епинал“ (фото)

Во хотелот “Епинал“ денес се одржа дегустација и презентација на вина од палетата на вина на винаријата “Бовин“, а истовреме се одржа и обука за келнерите од градската кафеана на хотел “Епинал“.За тоа како помина оваа работна посета на преставниците на “Бовин“ во хотелот “Епинал“, регионалниот менаџер за југозападна Македонија, Кирил Атанасов, ни рече.

-Денес имавме презентација на спарување на одредена храна со соодветно вино, вака може да се каже накратно за денешната обука. Како што е денешната обука во “Епинал“ одржуваме и на други места каде има расположени за надградба на знаењата на персоналот, а имавме обуки во “Аквариус“, “Версус“ покрај Охридското езеро и на други места. Овие обуки ги работиме заедно со угостителите, тие подготвуваат дел од менито кои сакаат да го фаворизираат пред гостите, преку нивните келнери, а ние на таа понуда им презентираме кои видови вина и на кој начин да ги нудат.-Не сакаме само да им кажеме кое вино да го понудат со одредено јадење, туку да знаат да пратат и поширока порака го гостите. Да им нудат и презентираат комбинации на храна и вино кои ќе се поклопуваат, односно ќе бидат компактибилни, а со тоа да покажат дека имаат познавање за  храната и виното, дека едноставно си ја знаат работата. Во обуката сакаме да им покажеме на келнерите, а тие на гостите, дека не смее да биде доминантна ниту храната, ниту виното, туку гостинот да добие комплетна рамномерна понуда и тоа да го почуствува, додава Атанасов.За виното зборуваше и ги обучуваше келнерите енологот на “Бовин“, Борис Нечов, кој на присутните им кажа и некои мали тајни за виното. Од хотел “Епинал“ искажаа задоволство за одржаната обука, а шефовите Стребре и Јани од градската кафеана, рекоа дека овие обуки се добредојдени за младите келнери кои сега работат во градската кафеана, бидејќи само вака можат да напредуваат во работата, а секако дека со вакви знаења ќе имаат подобар контакт со гостите и ќе ја имаат нивната доверба, која во овој бизнис е од големо значење.

С.Р.

Mission News Theme by Compete Themes.