Press "Enter" to skip to content

Митинг на светската фолклорна организација ЦИОФФ во Битола

Денес во Малата сала на Центарот за култура во Битола, Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ) одржа прес конференција по повод Митингот на светската фолклорна организација ЦИОФФ, кој од 16 до 20 Мај ќе се одржува во Битола. 
 
Претседателот на ЦИОФФ Македонија (СОФАМ), Антонио Димитровски пред присутните новинари истакна дека ова е еден од најважните годишни настани на оваа организација и дека успех е Македонија што успеа да добие можност овој важен настан на кој доаѓаат претставници од 15 земји да се одржи во нашата земја, а град на одржувањето да биде Битола.
-Делегации од 15 земји утре пристигнуваат во Битола. Станува збор за делегации на ЦИОФФ од Албанија, Азарбејџан, Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Кипар, Северен Кипар, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Португалија, Франција и се разбира домаќинот Македонија. Во работните сесии на митингот ќе разговараме за унапредување на грижата на нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите, со што ја продолжувме мисијата на УНЕСКО,  со која ЦИОФФ е во официјално партнерство, односно единствена невладина организација која е партнер со УНЕСКО во областа на нематеријалното културно наследство, истакна Димитровски.
 
На пресот се истакна и важноста на ваквите средби заради вмрежување на културно уметничките друштва од Македонија кои ќе настапат пред присутните на голем концерт и имаат шанса да добијат покана на познати светски фестивали:
-ЦИОФФ организира над 300 интернационални фестували, каде редовно учествуваат македонски фолклорни друштва.  Македонија има 9 ЦИОФФ фестивали, од кој еден меѓународно признат – Илинденски денови. Организатор е на глобални конференции на кои се промовира културната различност и толеранција. Ваквите средби се одличен полигон за лобирање пред претставниците на многу земји кои ни доаѓаат во Битола, со цел македонските фолклорни ансамбли да добијат шанса нашиот фолклор и традиции да го презентираат во странство, истакна Никола Димитровски кој како претставник на ЦИОФФ Македонија учествувал на бројни конгреси и митинзи ширум светот на кои се склучуваат вакви соработки.
 
Во агендата освен работните средби кои ќе се одвиваат по утвредна агенда во Хотел Епинал, договорен е прием кај Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Планирани се и посети на значјани културно историски и туристички атркации кои ги нуди Битола и регионот околу неа. 
 
Како дел од Митингот е и концертот, кој ќе се одржи во НУ Центар за култура – Битола,  на кои ќе настапат 7 македонски ансамбли, меѓу нив домаќинот КУД “Илинден“ од Битола, но и КУД “Копачка“ од Драмче, кое ќе го изведе единственото оро, заштитено до УНЕСКО, како нематеријално културно наследство). Концертот ќе се одржи в сабота со почеток од 20 часот.
Mission News Theme by Compete Themes.