Press "Enter" to skip to content

Утре ќе се одржи годишниот концерт на Државно музичко училиште

Како и секоја година, Музичкото Училиште од Битола и годинава, го организира свој годишен концерт каде настапуваат ученици од основно и средно образование, вели професорката Маја  Митровска, која нагласува дека освен овој концерт тие имаа и голем број други концерти:

-Освен традиционалниот годишен концерт, во нашето училиште се одржуваат пролетни и есенски концерти, велигденски и новогодишен концерт, во кој земаат учество најмалите од нашето училиште. Тука треба да се спомене и тоа дека по потпишувањето на  меморандум за соработка со Музичкото училиште „Мимар Синан“ од Истанбул Р.Турција, така збратимени, нашите училишта реализираат заеднички целовечерни концерти на средношколски симфониски оркестар во Битола и во Истамбул.

Инаку, Митровска за си-ви-то на Музичко училиште во Битола кратко вели:

-Формирано во почетокот на 1947 годинa, во почетокот паралелки за основно, а во 1962 год. се создаваат услови за формирање на пaраралелка за средно музичко образование. Најеминентните и највлијателни дејци во музичката култура во Македонија, своето образование го завршиле токму во ова училиште. Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и др. Училиштето има соработка со фестивалот на класична музика “Интерфест“ и со “Шопенова Вечер“. Нашето училиште секоја година бележи многубројни награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.

Mission News Theme by Compete Themes.