Press "Enter" to skip to content

44. изложба на детски ликовни творби “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво” (фотогалерија)

-Доделени и две специјални награди за континуирано учество, четири пати по ред и добиени награди, за ОУ “Кочо Рацин“ од Охрид-ментор Љубица Чифлигаровска и ОУ “Димката А. Габерот“ од Кавадарци-ментор Горан Боев.

-Најубавите креации на светот ги создаваат детските очи, бидејќи низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност и се помагични, рече Маја Андоновска-Илијевски, која ја отвори изложбата.Денес во фоајето на Центарот за култура беше отворена ше 44. Државна изложба на детски ликовни творби на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво”, културен настан со најголема традиција во државава, кој трае скоро половина век.На годинашната изложба се поставени 64 ликовни колекции со 630 детски творби, создадени во сите места на државава, а битолчани вљубеници во овој стил на етно уметност ќе имаа прилика да ја погледнат. Изложбата ја отвори директорката на НУ Центар за култура-Битола, Маја Андоновска-Илијевски, која во своето обраќање до малите автори, нивните менторо и гостите рече:

-Најубавите креации на светот ги создаваат детските очи, бидејќи низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност и се помагични. Детската ликовна изложба е поттик да инспирираме, да наградиме, да се запознаеме и да оставиме нешто трајно. Радоста е голема бидејќи Центарот за култура се исполни со над ликовни творби од цела држава, радоста е голема затоа што од година во година бројот на учесници се зголемува и затоа што детската изложба инспирирана од народното творештво стана препознатлив знак за месецот мај во НУ Центар за култура-Битола.На отворањето беа доделени специјални награди, награди за најдобри колекции и 36 поединечни награди за најуспешни ликовни творби на изложбата. Специјални награди за континуирано учество, четири пати по ред и добиени награди, за ОУ “Кочо Рацин“ од Охрид-ментор Љубица Чифлигаровска и ОУ “Димката А. Габерот“ од Кавадарци-ментор Горан Боев. Жири комисијата додели рамноправни награди за најдобри колекции на 11 училишта, како и поединечни награди за најуспешни ликовни творби.

Mission News Theme by Compete Themes.