Press "Enter" to skip to content

Заврши кошаркарската сезона за кошаркарите на Пелистер (фотогалерија)

Пелистер – Фени Индустри 64:103

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 50

Судии: Цветановски, Лазов, Петровиќ

Пелистер: Атанасовски, Голубовиќ 19, Талевски 4, Харис 27, Обедниковски 4, Захариевски 2, Арсовски 2, Трајковски 4, Ѓоргиевски 2, Соколовски, Атанасовски.

Фени Индустри: Петровски 10, Пајиќ 18, Бакоц 5, Коцев 24, Каплановиќ 4, Марковски 11, Милков 2, Митков 14, Кицев 4, Мелов 6, Златев 5, Стојановски.Кошаркарите на Пелистер со идигрувањето на 9. коло од плеј-аутот на Првата кошаркарска лига ја завршија оваа кошаркарска сезона, за ќал со пораз од екипата на Фени Индустри во Битола, со резултат 64:103. Поквалитетната екипа на Фени Индустри дека ќе се врати со бодовите во Кавадарци се виде уште по првата четвртина кога направи разлика од 20 поени, 11:31. Втората четврина беше порамноправна, но разлика од првата “пелистерци“ не можеа да ја анулираат, а на одмор се отиде со 21 кошеви предност за гостите 30:51. Продолжението на натпреварот беше онака како и првиот дел, а третата четвртина беше повторно резултатски во корист на гостите 24:31, а последната четвртина се играше колку да се одигра натпреварот, за на крај да биде 64:103.Последниот натпревар ништо не му менуваше ни на Пелистер ниту на Фени Индустри, а овој натпревар можеби е последен во дресот на Пелистер за неколку кошаркари.Тај Харис сигурно го одигра последниот натпревар, а доби и заслужени аплаузи од соиграчите, тренерите и малубројната публика, а кој се уште ќе замине од клубот останува да видиме по завршувањето и официјално на сезоната. Прашање е како ќе се развиваат работите и со тренерот Зоран Тодоровиќ.Пелистер и навивачите нема по добро да ја паметат сезоната која е зад нас, во која Пелистер ја заврши на 2. место во плеј-аут лигата, или ако се смета комплетниот распоред на табелата, на 8. место, со обезбеден опстанок во најквалитетното друштво.Овој резултат и целата сезона секако ќе биде тема на анализа на Управата, а како понатаму идната сезона, ќе треба навреме да ги направат плановите, прво за буџетот кој ќе го имаат, а потоа и за амбициите.

Mission News Theme by Compete Themes.