Press "Enter" to skip to content

Интерактивна поставка на “bookmarks“, страничници за книги, во Горната Гимназија (фото)

Мај е месец на многу настани кои ја одбележаа како македонската, така и светската книжевност. Мај е месецот кога Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група “Скрб и утеха”, а неколку дена претходно, еден од врвните и најистакнати писатели Ернест Хемингвеј е награден со Пулицеровата награда за “Старецот и морето”.По тој повод, во училишната библиотека на Гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола, неделава беше означена интерактивна поставка на bookmarks или како што најпригодно скован поим на македонски би бил страничници за книги. Страничниците се со мотиви од фотографии на Бојана Исијанин, ученичка во гиманзијата, а фотографирани се низ некои од европските држави или на примамливи места од нашата околина.-Фотографијата отвора широко поле на идеи, таа прогласува нешто, може да е игрива и разбранувана. Bookmarks-ите се доста креативен начин да не избледе моќта на фотографијата, па макар и да е преставен само дел од нејзината големина. На оваа интерактивна креативна идеја како што се одлучивме да ја нарекуваме, присутни се околу 25 фотографии во повеќе примероци, слободни за земање и размена меѓу учениците, рече Бојана.Инаку, Бојана одамна е соединета со фотографијата како форма на уметност. Таа е четврта година во гиманазијата каде ова и е последна неформална активност. Со наклонетоста и посветеноста кон учениците кои негуваат интерес од разни области меѓукои е и фотографијата, значително влијание и поддршка дава и библиотекарот Драган Ристевски.

-Во овој месец, освен гореспоменатите настани, на светот му беше подарено и раѓањето на Михаил Булгаков, Оноре де Балзак и на врвниот духовен поет Рабиндранат Тагоре, а одземенена животната сила на американската поетеса Емили Дикинсон и македонскиот поет, есеист и професор Гане Тодоровски. Тоа беше и повеќе од доволна причина за реализација на овој проект од кој би биле задоволни и би настојувале да вбризга позитивен став кон читањето на книги без никаква летаргичност, вели Бојана.

Mission News Theme by Compete Themes.