Press "Enter" to skip to content

Победа во последниот натпревар на Пелистер под Тумбекафе за оваа сезона (фотогалерија)

Пелистер – Гоблен 4:0 (3:0)

Фудбалерите на Пелистер го одигра последниот натпревар во оваа сезона во Втората фудбалска лига- запад и се опростија со битолската публика која беше во значителен број на градскиот стадион под Тумбекафе.Во последниот натпревар “пелистерци“ ја забележаа и најубедливата победа во ова коло во лигата, а натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога имаа водство од 3:0. Головите во првиот дел ги постигнаа Благојче Главевски на два пати и Александар Недановски.И второто полувреме помина во доминација на екипата на Пелистер, но изменетиот состав на екипата од првото полувреме не ја достигна ефикасноста со која почнаа во проддолжението. Единствениот гол, а имаа прилики и за повеќе го постигна Благоја Наумоски.Битолскиот тим не успеа да се врати во прволигашкото друштво, а го чека уште еден натпревар во последното коло против екипата на Генч Калембер.Пелистер на едно коло пред крајот се наоѓа на третото место со 38 бода.

Mission News Theme by Compete Themes.