Press "Enter" to skip to content

Матурскиот концерт како како повод за сеќавање на професорот Пеце Митревски

Во малата сала на НУ Центар за култура, се одржа матурски концерт на баритонот Наум Наумоски од класата по соло пеење на проф. Маја Митровска.

Концерто беше и повод да се спомене името на дедото на Наум, проф. Пеце Митревски кој оставил многу поколенија музичари зад себе, меѓу кои и Маја Митровска, која со краток говор и изведба на оперска арија од В. Белини, му оддаде почит на нејзиниот професор.

Професорот Митревски знаеше да рече: ”Јас сум стар – ама на аглиски!” го започна своето емотивно излагање Митровска, која додаде:-Навистина беше ѕвезда, но и создаваше ѕвезди. Потврда за тоа се многу музички уметници кои чекореле по патеката на успехот, а на повеќето од нив пеењето да им станува животна определба.

Потврда за тоа се повеќе музички уметници кои чекореле по патеката на успехот, а на повеќето од нив пеењето да им станува животна определба: Цветан Стојановски, Татјана Крстевска Ковачевска, Сузана Турунџиева, Емилија Сарафска, Сузана Тнокова, Леонарда Богданоска, Јасмина Креола, Павлина Новакова, Марјан Неќак, Игор Дурловски, Викторија Јанкуловска, Олгица Милевска, неговата ќерќа Магдалена Миревска Наумоска, Тања Цароска, Елена Петреска, Тоше Проески, Билен Еминов, Маријан Стојановски, Елена Митревска, Маја Илиоска Митровска, Марија Вељановска Арсиќ, неговата ќерка Драгана Митревска – сестра Касијана, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски и други.

Професорот Митревски е основоположник на пејачката школа во музичкото училиште во Битола. Неговата работа ја продолжија помладите поколенија, кои сведочат за цврсто поставените темели на класичното пеење.

Пеце Митревски е роден 12-ти Април 1952 година во Битола, каде го завршил средното музичко образование. Понатамошното школување го продолжил на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работи во Македонската опера се до 1987 година, кога започнува неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за прв пат е отворен отсек – соло пеење. Освен предметот соло пеење, предава солфеж и вокална техника, но имаше огромни познавања и од контрапункт и хармонија.

Од 1992 година континуирано беше диригент на црковни хорови во Битола. Митревски ја напиша првата литургија на македонски јазик, со што во 1995 година добива признание за особен придонес во Македонската православна црква. Истата литургија е изведувана во Романија, и во Бугарија, во Рилски Манастир и во Софија во Храмот Александар Невски. 

Mission News Theme by Compete Themes.