Press "Enter" to skip to content

Битолските писатели на традиционална роднокрајна средба во библиотеката (фото)

Во просториите на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се одржа 14. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија, а на на тркалезната маса се зборуваше на тема “Мајката – инспирација и/или  значаен лик во моето творештво”.На средбата со свои излагања учествуваа дваесет и еден роднокраен писател меѓу кои: академик Владимир Костов (во отсуство), проф. Вера Стојчевска Антиќ (во отсуство), проф. д-р Христо Петрески (во отсуство), Добре Тодоровски, Панде Манојлов,  Петко Шипинкаровски, Никола Кочовски, Ѓорѓи Прчков, Петре Димовски (во отсуство), Јован Ѓурвски, Ванде Ганчевски, проф.  д-р Даниела Андоновска – Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска, Милица Димитријовска Радевска, Сања Мучкајева Видановска, Елизабета Јончиќ.

За првпат на Средбата присуствуваа и Благој Попоски, Илче Стојановски и Симона Петровска, а гости беа Михајло Свидерски и Михајло Гаџова Свидерска.Присутните на почетокот беа поздравени од директорот м-р Бојан Стефановски, а модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски.

Mission News Theme by Compete Themes.