Press "Enter" to skip to content

“Д-р Чипуровски“ – нова интернистичка ординација во “Нова Битола“

Пред неколку месеци започна со работа приватната специјалистичка интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, која веднаш се издвои со  висока професоналност на услугите и најсовремени апарати во медицината и љубезен персонал.

Оваа приватна ординација покрај другите современи апарати за ЕКГ за ехо на срце, за ехо на абдомен, ехо на тироидан жлезда, ехо на дојка, а го поседува и единствениот апарат  во Битола, холтер за 24 часовно мониторирање на крвен притисок.-Крвниот притисок е проблем на современиот човек, и сите оние кој имаат проблем можат да се обратат во ПЗУ “Д-р Чипуровски“. Но, покрај овие испитувања можат да добијат целосни испитувања на внатрешни органи, вели специјалистот по интерна медицина д-р Васил Чипуровски, сопственик на ординацијата, кој низ разговор ни ја претстави работата на оваа специјалистичка ординација  по интерна медицина.

Инаку, д-р  Васил Чипуровски дипломирал медицина на Универзитет во Софија, а специјализирал интерна медицина на медицински факултет на Универзитетот во Скопје. Поседува сертификати за ЕХО за срце и абдомен на Медицински факултет во Виена.-Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, појаснува  започна со работа пред 3 месеци и ги поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Тука во интернистичката ординација имаме 12 канално најсовремено ЕКГ, потоа  ЕХО апарат со 3 сонди за линерано, абдоминално и кардиолошко испитување на соодветните органи, потоа ABPM (Artery Blood Pressure monitoring) холтер за 24 часовно мониторирање на крвниот притисок. Можам да кажам дека овој апарат го поседуваме само ние во нашиот град. Покрај овие нудиме и квалитетно испитување и преглед на тироидна жлезда, абдомен, дојка. Исто така во ординацијата имаме и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос, вели д-р Васил Чипуровски

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓаме на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.

Mission News Theme by Compete Themes.