Press "Enter" to skip to content

Ева Трпеновска, капитен на македонската кадетска репрезентација

Одличните игри на младата битолска одбојкарка Ева Трпеновска, која настапуваше оваа сезона во сите екипа на одбојкарскиот клуб Пелистер, од најмала категорија па се до сениорската екипа не останаа назабележани од одбојкарските стручњаци.

Ева Трпеновска ја доби поканата од  македонската кадетска одбојкарска репрезенатција, на “Балкан кидс фестивал“ кој се одржа во Нови Сад, Србија. Ева Трпеновска на оваа балканска сморта не само што играше во дресот на македонската репрезентацијата, туку и беше и капитен и главен мотиватор на македонските репрезентативки.

Ново признание за Ева Трпеновска, дојде и од организаторот, која ја покани самостојно да настапи и во реввијалниот дел. Таа сервираше во спектаклот приреден од Одбојкарскиот Сојуз на Србија, пред натпреварот Србија Франција.

Таа воедно е шеста репрезентативка од Пелистер Волеј, која го носела дресот на репрезентацијата, а овој пат поканата дојде од предводниците на репрезентацијата, Денис Вујадиновиќ и Емилија Терзиевска.

Mission News Theme by Compete Themes.