Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: викенд сообраќајни контроли, контролирани 613 возачи-13 возеле без возачка дозвола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на викендот 01/02 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Контролирани се 613 возачи и утврдено е дека 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 36 возачи од исконтролираните возила, тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а додека четири други не користеле сигурносен појас, информира портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

Mission News Theme by Compete Themes.