Press "Enter" to skip to content

Ди-џеј Славе Ќелешовски и организаторите на ретро журката “Влез саде за парови“ по 40 години влегоа во диско “Орфеј“ (фотогалерија)

Пред разговор со Славе Келешовски, кој ќе биде ди-џеј  на ретро журката  „Саде за парови“ по повод 40 години од прекинувањето со работа на дискотека  “Орфеј“ – младински клуб, влегоа во просториите на дискотеката.Дискотеката “Орфеј“ – временска капсула вчера беше отворена по 40 години од нејзиното завтворање во 1989 година, а поводот беше организирање на ретро-журката со слоган “Влез саде за парови“.  Неколкумина ентузијасти кои ја организираат оваа ретро-журка влегоа во просторот и се потсетија на времето пред многу години.Подрумот, истата црна, тешка, железна врата, зидови обоени во карактеристичните бои, а зад микс-пултот повторно се најде ди-џеј Славе Келешовски кој воодушевен од оваа иницијатива, допатува од Мајами, Америка за да биде дел од овој настан. Како времето да е вратено назад. Покрај фотографии го искористивме моментот за неколку прашања за ди-џеј, Славе Келешовски, кој во 80-тите години беше нај популарен ди-џеј во Македонија.Какво е чувството да се биде на ова место кое е ден вид временска капсула отворена  по 40 години?  -Како  временска машина  да ме врати  во тоа време и се вратија емоции и чувства. Чувството е исто и кај  сите тука со мене. Тогаш бевме млади, се потсетивме на едно убаво време. Уште кога ми кажаа за оваа иницијатива и организирање на ретро журка се воодушевив и ја поздравувам, исто така и организаторите Сашо – Ѕунѕо, Драги  – Брус Ли, Зоран – Палјо и медумски покровител Сашо -Bitola news. Настанот и треба да е промовиран, бидејќи е многу интересен. Кој не сака да се врати во младоста. Да ја слуша музиката со која се забавувал, се заљубувал, тагувал… Сите ние бевме млади, убави, романтични со многу желби. Овај настан ќе биде луда журка и забава кога ќе се сретнат и другари по многу години. Можеби некој повторно ќе ја види својата симпатија.  Секако ќе има многи емоции и чувства за кои ќе придонесе и музиката од тој период за која сметам дека го означи столетието и музиката воопшто. Таа е некоја база или основа на се друго понатаму што се случува во музиката. Таа се слуша и до ден денес и меѓу младите, особено рок музиката од крајот на 70 и 80 години. Тоа е музиката на  “ZZ Top“, “AC/DC“, “Led Zeppelin“, “DOORS“, “Queen“. Сметам дека ова беше вистинска енергична музика која одговара на тинејџерски години.  Кажи ни повеќе за сите да се потсетиме, кој е ди-џеј Славе Келешовски кој беше многу познат во Македонија и пошироко за помладите.-Кога доаѓав како ди-џеј во дискотеката “Орфеј “ во 80 години јас бев веќе познат ди-џеј со титули најдобар во Македонија и тоа за годините 78, 79 и 81. Потекнувам од Струга но често доаѓав во Битола и се сеќавам зад овој пулт пуштав музика. Тој беше еден златен период на диско забави. Еден период во 80 години пуштав музика и во диско кое се наоѓаше во Домот на културата. Се сеќевам за еден зимски распуст секој ден, 15 денас о ред, имаше журки и се чекаше ред за карти уште од 3 часот попладне, бидејќи ако не најдеш карта нема влегување и ќе останеш надвор. А во дискотеката посебна атмосфера, покрај играње имаше и шетање и запознавање и удварање. Некој можеби и ќе си “фатеше“ женска или дечко кога се играше танго.  Мислам дека е штета што сега нема такви места за забава. Оваа ретро-журка можеби ќе донесе некоја идеја за организирање на вакви забави повторно, кој знае.Што работи Славе Келешовски денес?

-Од 93 години живеам во Америка, но од како заминав доаѓам секое лето во родниот крај. Таму сум со цела моја фамилија имам два сина и ќерка со свои фамилии. Последните години доаѓам во месец мај и останувам до октомври. Се уште ако ме побараат на одредени места, одам и пуштам музика, но тоа го правам од задоволство. Во последните години не работам многу и хоби ми е планинскиот велосипедизам (Mountain Biking). Уживам во овој спорт и одам секаде каде има вакви трки низ Америка.Интересот за ретро журката е голем и веќе картите се распродадени, а Славе Ќелешовски за самата забава вели:

-На 28 јуни ќе се обидам да направам посебна забава. Нема да дојдам со посебна предвреме подготвена програма, бидејќи тоа не е мој стил. Сите песни ќе бидат со мене, сите нас ќе се понесат емоциите, а како ќе не носат тие во таа насока ќе пуштам музика. Секако ќе бидам на располагање на гостите, а секоја посебна желба за песна од сеќавањата ќе биде пуштена. Ќе направиме забава за која долго ќе се зборува. Се што било популарно од тоа време ќе биде на репертоарот, а ќе има и песни обработки на некогашните хитови, кои морам да кажам дека ги слуша и ги знае и денешната младина.Огранизаторите истакнуваат дека влезниците се во ограничен број, а веќе можат да се набават. Тие велат и дека ќе има и посебни визуелни ефекти од тоа време, како ретро-диско топки и рефлектори и други светлосни ефекти. Како нагласи и Ќелешовски просторот во “Порта Џез“ е интересен и целосно ќе одговара на замислата за одржување на оваа ретро-журка со оригинално име “Влез саде парови- диско Орфеј“.Фотографии од поранешното диско „Орфеј“ многумина ќе ги потсети на младоста, оние кои ќе бидат на забавата уште повеќе.

Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.