Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Чкембарите“ ги пречекаа браќата од навивачката група “Торфиоже“ од Полска

Навивачката група “Чкемабри“ денес и во наредните денови во Битола се домаќини на своите браќа по навивање од Полска, членовите на навивачката група “Торфиоже“ од градот Белхатов од Полска.

Во Битола се пристигнати 34 навивали од братската навивачка група на “Чкембарите“ кои се дојдени за утре во Скопје да ја следат репрезентацијата на Полска против Македонија.

Покрај дружењето во Битола полските навивачи беа денес на Пелистер и во Сливница, а 14 навивачи од “Чкембарите“ пред неколку месеци беа гости на “Торфиоже“ во Полска.

Утре заминуваат за Скопје, каде се очекува да има околу 2.500 навивачи од Полска.

По натпреварот најголем број од навивачите на навивачката група “Торфиоже“ ќе се вратат во Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.