Press "Enter" to skip to content

Александар Димовски-Димса на вечер на тешкаши во Сараево

Во престижниот хотел “Ilidza-hotel hills“ во Сараево, Босна и Херцеговина, на 3 јули ќе се одржи “вечер на тешкаши“ на која во кик-бокс ќе се борат четворица кик-боксери од просторите на поранешната држава Југославија.
 
Меѓу нив е поканет и нашиот сограѓанин Александар Димовски – Димса, кој веќе се подготвува за овој голем спекталкл, а за тоа како ја добил поканата за да биде дел од ноќна на тешкашите вели:
-Поканата ја добив по препорака на организаторите на Иле Ристевски, еден од најдобрите кик-боксери кои излегле од нашата држава. Потоа ми се јави лично, претседателот на КОК за Босна и Херцеговина, Џевад Потурак, и следуваше договот за учество. 
 
За тоа како се одвиваат подготовките за настапот, Димсата вели:
 
-Подготовките се одвиваат стандардно за вакви профи мечеви. Како и секогаш се работи макотпрно да се стигне до посакуваната форма, кој со оглед на противниците мора да биде компетна во секој поглед, а секако и она што не следи секогаш, бидејќи немаме некој спонзор кој е со нас, и обезбедувањето на финансии за подготовки и патување.
 
За противниците и начинот на натпреварот, Димсата вели:
 
-Тука ќе има, да речам, две полуфинални борби, а потоа следува гран-при борбата, во кој ќе настапат победниците од двете борби. Што се однесува пак до противниците морам да кажам дека се искусни и добри кик-боксери, а нивните имиња Санид Имамовиќ од БиХ, Алија Селмановиќ од Црна Гора и Сеан Стурбеј од Хрбатска се доста познати. Јас во првата борба ќе го имам за протиник хрватот, за што и се подготвувам. Очекувам пласман во завршната борба., во големата сала на “Илиџа“ хотелот во Сараево.
 
С.Р.
Mission News Theme by Compete Themes.