Press "Enter" to skip to content

Лајонс клубот “Кабадаја“ ја прослави 10 годишнината (фотогалерија)

Во ресторанот “Noah Fresh Fit Food Bar“ вечерва Лајонс клубот “Кабадаја“ прослави 10 години од основањето, а на прославата присуствуваа членовите и нивните гости.Прославата која што се одржа како неформална средба на членовите беше повод тие да се потсетат на изминатите десет години и на сите активности кои ги имаа во изминатиот период.Претседателката на Лајонс клубот “Кабадаја“, Ивана Ангелковска, уште еднаш потсети дека клубот, како општествена одговорна организација своите цели ги намени кон децата со посебни потреби, слепите лица, а се изведоа и голем број на проекти кои помагаа помали и поголеми акции.Тие наброија само мал дел од акциите како уредување на дворот на “Сју Рајдер“, градење на првата сензорска соба…-Ние не сме тука да се фалиме и да зборуваме за нашите проекти, туку да се заблагодариме на нашите партнери, поддржувачи и спонзори без кои овие десет години немаа да бидат успешни, рекоа членовите на Лајонс клубот “Кабадаја“.

Mission News Theme by Compete Themes.