Press "Enter" to skip to content

Наташа, Мими, Марија и Борче-членови на Лајонс клубот Кабадаја: за 10 години го оправдавме нашето мото “Кабадаја во акција, кабадаја на дело“

Пишува: Жанета Ристевска

Лајонс клубот „Кабадаја“ Битола прослави јубилеј од 10 години постоење. Членовите на клубот достојно го одбележаа овој јубилеј со прослава на која присуствуваа голем број членовиод кои дел се уште од оформувањето на клубот. За таа цел поразговаравме со дел од нив кои скромно изјавија дека сакаат делата да зборуваат за нив, а не тие. Ентузијазмот, хуманоста, енергијата и иницијативата спремноста да се делува е карактеристика на секој член.

Го  започнавме разговорот со првиот претседател на клубот  и активен член сите овие години Борче Димитровски кој кажа дека сите придонеле во одреден моменнт, период во функционирањето на   клубот во зависност од можностите, приоритетите.  Секоја година се менува претседателот за секој да добие можност за изразување на своите организациони способности, да делува. Оваа година наша претседателка беше Ивана Ангелкова, а на нејзино место ќе дојде Мими Талевска од јуни 2019 година.  Низ разговор со Наташа Грамосли, Марија Додовска, Мими Талевска и Борче Димитровски активни членови во клубот поразговаравме за иницијативите, активностите, проектите и многу настани кои ги организира Лајонс Клубот Кабадаја од Битола за овие 10 години и за плановите во иднина.

Оформување на клубот…На почетокот функционираше младински „Leo“ клуб Кабадаја кој беше оформен во 2008 година  од група млади ентузијасти. Целта беше хуманитарна работа и покренување на иницијативи за активности и проекти од хуманитерен карактер и општествено корисна работа. После тоа тој прерасна во „Лајонс Кабадаја  клуб и званичен датум на формирање е 19.06.2009 година. Скоро сите членови од младинскиот клуб  продолжија со активности во Лајонс клуб „Кабадаја“.  Во текот овие 10 години  голем дел од членовите во клубот  се од самиот почеток од оформувањето. Голем дел сме тука на оваа прослава со која славиме значаен јубилеј за нас. Во текот на овие членувале голем број луѓе  кои биле активни неколку години и потоа престанале. Целокупната идеја до денес е луѓето кои се хумани кои сакат да помагаат, кои имаат енергија и ентузијазам  да се вклучат во активности поврзани со различна хуманитарна цел.  За успешно функционирање на клубот за сите овое години се заслужни не само членовите туку и сите другу подржувачи и спонзори кои учествувале во иницијативите, активностите, проектите и настани. Лајонс  клуб „Кабадаја“ , како општествена одговорна организација своите цели ги намени кон децата со посебни потреби, слепите лица, а се изведоа и голем број на проекти кои помагаа помали и поголеми акции, вели Борче Димитровски.

Активности и проекти на клубот…На почетокот од оформувањето на клубот како група ентузијасти и уште во 2010 година  прв значаен поголем проект беше реконструкција на ЦСР, а потоа и иницијатива за  опремувањето на првата сензорна соба во едневниот Центар  за децата со посебни потреби. Цел и  насока на клубот уште од самиот почеток беше да се стави акцент за помагање на лицата со попреченост и во 2010 година покренавме иницијатива за одбележување  на 3 Декември Ден на лицата со попреченост. Тоа беа низа на активности вклопени во еден настан на ниво на општина Битола каде се вклучија и други инститиции како Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин “ училишта со паралеки на ученици со пореченост. Тој настан стана традиционален и се одржува секоја година.  Во 2012 во Домот за стари лица „Суе рајдер“  реконструкција на дворното место,  адаптирање на  фонтана и уредување на зеленило во дворот, рече Марија Додовска, која истакна, дека главна цел е помагање на слепи лица и последниот проект беше менија за слепи лица во неколку ресторани.

Најмлад клуб во држава и  мото “Кабадаи во акција кабадаи на дело“  Кога ги валоризираме нашите иницијативи, активности и  проекти за овие 10 години се чувствуваме убаво што сме ја извршиле нашата хуманитарна мисија и општествено корисна работа.  Денес сакавме  да одбележиме еден јубилеј кој ќе ни даде поттик  за понатаму. Најмлад клуб во државата нашите резулати зборуваат за дека сме хумани ентузијасти со енергија, Сите сме со различен бекграунд, интереси, професии но успешно функционираме, но не поврзува иста позитивна  енергија,  ентуијазам храброст за внесување новини. Функционираме како едно семејство на крајот ни кажа Наташа Грамосли.

Планови во иднина…Новиот претседател, Мими Талевска, кажа дека плановите на Лајонс  клуб „Кабадаја“ , како општествена одговорна организација ја продолжуваат хуманитарна мисија и во иднина  која започнала во 2009 година.  Го оправдавме нашето мото  „ Кабадаи во акција, кабадаи  на дело“.  Така сакаме да биде и во иднина. Се уште сме ентузијасти како и на почетокот за покренување на нови иницијативи. Како медиум кој досега ги покриваше нашите активности и проекти ние и понатаму ќе ве информираме за се што планираме да направиме.  Сакаме за нас да зборуваат нашите дела, активности и нашите проекти. Вечерва тука сакаме и да им се  заблагодариме на нашите партнери, поддржувачи и спонзори без кои овие десет години немаа да бидат успешни. Секако голема благодарност и на вашиот медиум.Bitolanews им го честита јубилето на Лајонс  клуб „Кабадаја“, а и во иднина ќе продолжи да ги следи нивните актовности преку кои ќе им помогнат на многу наши сограѓани кои имаат, и те како, потреба од подадена рака.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »
Mission News Theme by Compete Themes.