Press "Enter" to skip to content

Фото вест: во тек е “Пијанофест 2019“, првиот натпревар по пијано

Првиот меѓународен натпревар по пијано “Пијанофест 2019“ кој се одржува во Битола е веќе во тек, а започна вчера во Заводот и Музеј, каде натпреварувачите ќе имаат можност да музицираат во инспиративна атмосфера и да уживаат во интерпретацијата со звуците на прекрасното пијано “Безендорфер“ кое важи за едно од најдобрите концертни пијана во нашата република.

Кандидатите ќе ги оценува комисија составена од врвни пијанисти и професори, проф. Елена Дикова – Бугарија, проф. Јана Четелева Белевска – Македонија, проф. Надежда Породини Јоле – Албанија.На натпреварот ќе бидат доделени парични награди за лауреатите (100 поени) во секоја категорија. Фондацијата “Томислав Зографски” по повод 85 годишнината од раѓањето на композиторот и педагог Зографски доделува реплика од стар македонски накит, подарок – партитури, диплома за секој натпреварувач кој ќе исполни дело од композиторот Т. Зографски.

Организатор на “Пијанофест 2019“ е асоцијацијата на пијанисти и мизички педагози од Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.