Press "Enter" to skip to content

Известување на ЈП “Стрежево“ за индивидуалните корисници на вода

Се известуваат сите водокорисници дека согласно Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Стрежево“-Битола бр. 02-287/6 од 17.05.2019 година.

1. Договорите за користење на вода со индивидуалните корисници да се склучат од 20.05.2019 до 15.06.2019 година

2. Корисници на вода кои нема да го испочитуваат рокот наведен во точка 1 ќе го плаќаат годишниот надоместок  зголемен за 1.000,00 денари – казна.

3. Сите корисници на вода за наводнување од ХС „Стрежево“ кои нема да ги пријават површините и земјоделските култури и нема да склучат договор за наводнување, а самоволно ќе пуштат вода за наводнување, за така наводнатите површини, односно култури, ќе плаќаат за 100% зголемена цена од постоечката.

 ЈП “Стрежево“ – Битола

Mission News Theme by Compete Themes.