Press "Enter" to skip to content

Битолската учителка Весела заедно со Жељана во успешна мисија за обединување на народите и интелектуалниот свет на Балканот (фотогалерија)

-Ликовите на двете учителки Весела Бохгдановиќ и Жељана Лучиќ станаа синоним за интернационални лидери пред кои не постои предизвик, а ја имаат поддршката од страна на колегите од регионот.

-Во Будва, Црна Гора, се одржа втора регионална конференција на Асоцијацијата на најдобри едукатори од бивша Југославија, спонзорирана и поддржана од страна на министерот за образование на Црна Гора, д-р Дамир Шеховиќ.После скоро три децении распад на Југославија и низа политики и лични емоции за резервиран меѓусебен однос на народите од бившите Ју републики, учителките Весела Богдановиќ и Жељана Лукич изведоа уникатно и популарно обединување на интелектуалниот свет од регионот и создадоа моќна мрежа која расте од час во час, сплотена во размери на кои човек може да биде горд и емотивен во исто време.

После првата популарна конференција одржана во Скопје пред неколку месеци, следуваше втора регионална конференција на Асоцијацијата на најдобри едукатори од бивша Југославија која се одржа минатата недела во Будва, Црна Гора, спонзорирана и поддржана од страна на самиот министер за образование на Црна Гора, д-р Дамир Шеховиќ.„Земјо моја“ остана химна за обединување која со гордост ја пее секој Македонец, Србин, Црногорец, Хрват, Словенец, Босанец присутен во салите кои ги полни оваа асоцијација, веејќи го гордо знамето на својата држава. Знамето на оваа асоцијација горде се вееше низ улиците на Будва и на сцената на хотелот Будва, прекриено со златни звезди во чест на угледот и почитта кон секој вработен во образованието. Ликовите на две учителки станаа синоним за интернационални лидери пред кои не постои предизвик кој не може да биде освен со поддршката што ја имаат од страна на колегите од регионот.

Две конференции во толку краток рок, испиративни говори и предавања, доделување на признанија за најдобри едукатори во регионот, креативни активности под оворено небо, полни сали и трета конференција најавена за Белград за само неколку месеци. Јавноста има впечаток дека се пишуваат нови страници во историјата на реагионот, а поддршката е толку силна што секому е јасно дека оваа моќ на сплотен интелектуален свет има намера да ги оствари своите цели.

Дали сте свесни за моќта на Вашата личност и движењето кое го предизвикавте?- ја прашавме нашата учителка, еден од двата основачи на асоцијацијата и идејата за избор на најдобри едукатори на регионот.-Да се потсетиме дека јас сум  само учителка која 17 години патува во смрдено комбе по 60 км дневно на свој трошок затоа што за мене никогаш немало и нема место во градот во кој живеам иако знеме дека може да има и преку ноќ! Моќта за која зборувате е поддршката што ја добивме и јас и Жељана од страна на колегите кои го следат и поддржуваат нашиот луд ентузијстички труд и  жртва на слободното време исполнето со активности кои вмрежуваат и нудат прилики секој друг да биде испочитуван. Моќта за која зборувате е всушност нашата храброст и нашата желба да преку првата активност на АНН направивме обид да ја усмериме енергијата на позитивни ефекти во корист на вработените во образованието. Ако до вчера се зборуваше само за нас две и нашите светски признанија, денес наместо за две се зборува за 150 најдобри едукатори затоа што ентузијастите се спасители на образованието на терен во вистинска смисла и секоја позитивна поддршка на нивниот труд е итна и неодложна потреба, а тие тоа умеат да го почитуваат.

Што ја одржува вашата сила да продолжите на овој ентузијастички проект насочен кон почит на останатите колеги?-Наместо да се занимавам со нервози за неправдите кои лично ги доживувам како просветен работник и граѓанин и пародиите со поставување, вработување и преместување кадри и некадри кои ги гледам пред очите и „сончогледи“ на кои партијата им е секогаш на власт, решив да се самовработам на уште еден свој проект кој ми го исполнува срцето.  Ние знаеме дека квалитетното образование во секоја земја зависи најпрвин и најважно од мотивацијата на кадарот, а од таа мотивација зависи иднината на нашите сопствени деца и внуци. Ние две знаеме колку на нас позитивно влијаеше поддршката од светот и нивните признанија на нашиот труд. Немаме финансии за да ја покачиме платата која е срамно и понижувачки ниска, а се разбира дека  влијае како еден од најважните фактор за мотивација, но најдовме начин барем да го испочитуваме трудот на колегите и да си помогнеме заедно да истраеме до некое подобро време кое заедно ќе го обезбедиме. Ова е наш проект-подарок за сите колегии кои заслужуваат почит со своето вложување во оваа професија. Го даруваме од срце и се радуваме на честитките кои ни стигаат секојдневно со поддршка да продолжиме во нашата намера.

Имате само три месеци за подготовка на секоја следна конференција со околу 300 учесници? Како се справувате со тој предизвик со оглед на тоа дека и самите сте вработени со свои обврски и обврски како семејни членови и фактот дека целиот проект се работи на ентизијастичка основа без загарантирани средства за организација, без сметка и котизации и без ниту било каков финаниски бенефит за Вашиот труд?-Конференцијата во Будва ја спремавме преку деноноќен контакт преку Вибер и Месинџер. За мене, Жељана, Мирсада, Саво, Јасмина и Сања немаше слободен ден, ниту слободен миг, буквално кажано. Најинтересна беше комуникацијата и логистиката со министерот за образование на Црна Гора. Како се зголемуваше бројот на пријавени ние така одново го замолувавме да ни обезбеди следна поголема сала за настанот, па така заедно сменавме два хотели и три сали а неговите решенија и одговори ги добивавме во истиот миг. Да не зборувам дека немаше никаков проблем околу штампа на материјали, банери, акредитации. Детално се интересираше и за самите теми на предавачите согледувајќи ги како одличен материјал од кој може да ја согледа ситуацијата во образованието, проблемите и понудените решенија.  Дополнителен тим од 20 едукатори од Црна Гора од срце застанаа како поддршка за реализација на идејата за креативно вмрежување под отворено небо и овозможија за мене драгата „Книга на впечатоци“  да стане реалност за која сеуште со љубов и радост се зборува. Заменик министерот за образование, др. Петар Атанасов ни помогна со обезбеден автобус за нашите наставници, а за сметка на нашите искрени досегашни соработки со лица и институции од пред неколку дена веќе е обезбедна салата за следната конференција во Белград. Ова е огромен терет за нас, но истовремено и големо задоволство кога толкав број на колеги масовно се приклучуваат во поддршка на нашата замисла. Да, немаме сметка на која можат да уплаќаат спонзори, ниту котизации и горди сме на тоа што чекориме со чист образ во реализација на оваа акција. Тоа е жртва од наша страна, но во моментов и наше најбезбедно решение како докаж за нашата чиста намера. И да ви кажам искрено нема сума на пари кои се доволни како надоместок за ваков 24/7 ангажман. Ова најискрено ви го кажувам. Работата со возрасни е далеку потешка од работата со децата во нашите училници а примпреми на конференции во туѓи земји преку Интернет, тоа само треба да го доживеете за да разберете колку е тешко.

„Да го реформираме образованието“- беше тема на оваа конференција, а прекрасни ентузијасти вработени во сите степени на образованието зборуваа за проблеми со кои се соочуваат и нудеа конкретни практични решенија. Што би сакале Вие да кажете на оваа тема?-Не знам од каде да почнам ни како да застанам. Со образованието со години се играат игри на ветувања за позитивни промени при секоја политичка кампања и секој започнува нешто за да другиот почне од почеток како попаметен. Денес веќе и избегнувам да читам какви промени се планираат. Тоа ми е како да читам какви промени во рецептот за грав и смислил син ми на свекрва ми, но потоа можеби ќе се смеша „мажот ми“ како попаметен па тој ќе знае да и каже подобар рецепт како таа да спрема грав после 50 години домаќинка… Ние наставниците и онака со години „партизански“ ги спасуваме и децата и образованието исклучиво со својот ентузијазам и нашата способност за пливање низ матни води, па така и ќе продолжиме додека не се сфати дека промените во образованието се процес кој  трае и трае со години во континуитет и со вклучени играчи кои се избрани за сметка на квалитет и познавања и искуства од пракса, а не од книга, титула или партија. Но, тоа е драги мои. Сме добивале онолку колку што сме тежеле кога сме барале правда. Се исподеливме по сите можни основи. Овој молчи бидејки му вработиле син, друг да не направи штета на партијата или на себе си поради партијата, оној молчи бидејки другиот синдикат бил вистински а не овој или оној, трет молчи бидејки чека некој друг да зборува место него…а сите гласни на Facebook и дома на маса.Зато постои нашаша АНН и уште од првиот ден тежи доволно за да да ги спои сите, да обединува независно на национална, партиска или верска основа. Ние сме личности кои сами сме се избориле за својот углед и не сме должни никому ништо по ниту еден основ. Интелектуалниот свет во нашите кругови застанува јавно и јасно зад своите проблеми и ставови, без да биде подведуван и замолчуван во очекување дека некој друг храбар ќе се бори за заедничките проблеми.  Асоцијацијата продолжува со реализација на првата цел и прв проект во кој вложува и срце и душа. Пред нив е долго топло лето исполнето со припреми на третата конференција на најдобри едукатори на регионот, а секако ние им посакуваме успешна работа и честитки на најдобрите.Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »