Press "Enter" to skip to content

Заврши “Пијанофест“ во Битола, наградата од општина Битола за Николај Петковски

Во Битола се одржа првото издание на меѓународниот натпревар во пијано “Пијанофест 2019“, на кој настапија околу 80 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Косово и од нашата земја, кои се натпреваруваа во неколку категории и тоа: пет категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории пијано теоретичари.

Наградата од Општина Битола, која се состоеше од плакета и парична вредност, му беше доделена на Николај Петкоски од Охрид, кој се натпреваруваше во прва категорија, со освоени 100 поени и прво место.

Наградата ја додели советничката во Советот на Општина Битола Виолета Дракалска, која истакна дека  Битола е препознатлива како град на клавирите и затоа упати честитки до двете професорки по пијано од Државното музичко училиште во Битола Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска, на чија иницијатива за прв пат се одржа ова меѓународно натпреварување.

Жири комисијата во состав Елена Дикова од Бугарија, Надежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од Македонија, им додели максимални 100 поени на 11 учесници во различни категории.

Mission News Theme by Compete Themes.