Press "Enter" to skip to content

Матуранти од “Таки Даскало“ полагаа матура-практичен дел, во рудникот на РЕК “Битола“ (фото)

Полагањето се одвиваше во рудникот “Брод-Гнеотино“, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот, а птерходно учениците изведуваа практична настава во РЕК “Битола“.

Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ “Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК “Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини.Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година. Вкупно 26 ученици од трета и четврта година од СОУ “Таки Даскало“ изведуваа практична работа во РЕК “Битола“ секој понеделник, среда и четврток, а за првпат откако се реализира активноста комбинатот годинава обезбеди превоз, заштитна опрема и оброк за учениците и професорите.

Продлабочување на соработката со стручните училишта во Битола во кои се изучуваат предмети сродни на потребите на РЕК “Битола“ останува предизвик за комбинатот и во иднина.

Согласно најавите за унапредување на дуалното образование во земјава, РЕК “Битола“ има намера да внесе дополнителен квалитет во практичната настава, со што ќе се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на стручен кадар на пазарот на труд и ќе се зголеми процентот на вработени млади лица.

Mission News Theme by Compete Themes.