Press "Enter" to skip to content

Марија Шамоска-Буџаковски и Јана Четелева-Белевска за завршениот “Пијанофест 2019“ и резултатите на учесниците (фото)

Во малата сала на Завод и музеј,од 7 до 9 јуни се одржа првиот меѓународен натпревар по пијано “Пијанофест 2019“. На натпреварот учествуваа 80 тина млади пијанисти  од Албанија, Бугарија, Косово и нашата земја во повеќе категории и тоа: шест категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории музичар теоретичар.За првото издание на “Пијанофест“ разговаравме со едни од најзаслужните Марија Шамоска Буџаковски, професор по пијано во Државното музичко училиште од Битола и Јана Четелева Белевска, член на управниот одбор на фестивалот.

 -Пријатно не изненади големата заинтересираност и поддршката која ја добивме за ова наше прво издание на натпреварот “Пијанофест 2019“ – вели Марија Шамоска Буџаковски, професор по пијано во Државното музичко училиште од Битола и исто така еден од организаторите на настанот. Таа вели дека сево ова придонесува за афирмација на нашиот град, културна размена, прилики за понатамошна меѓународна соработка и промоција на нашите млади таленти во и надвор од границите на нашава земја.За успешноста и виртуозноста на учесниците одлучуваше меѓународната жири комисија во состав: Елена Дикова – Р. Бугарија, Надјежда Породини Јоле –Р. Албанија и Јана Четелева – Белевска од Р. Македонија.

-Наидовме на силна поддршка,најпрво од страна на Министерството за култура на Р.Македонија,потоа од нашата општина, Општина Битола  која на еден од лауретатите му  додели парична награда и плакета, Полската амбасада додели парична награда на лауретот  за најдобра изведба на Шопеново дело, како и наградата од Бугарскиот конзул г- дин Димитар Иванов – рече и еден од организаторите на натпреварот.Фондацијата „Томислав Зографски “ по повод јубилејната 85 годишнината од раѓањето на композиторот додели дипломи на учесниците кои изведуваа негови композиции и награда за најдобро изведено дело на Зографски според одлука на Стручната комисија.-„Пијанофест“ го поддржаа и Завод и Музеј –Битола, Државното музичко  училиште- Битола и  повеќе приватни фирми и здруженија , вљубеници во класичната музика. Првото издание на „Пианофест„ е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“- Битола,  чии што основатели се професорките од ДМУ-Битола, Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска-Буџаковски, кои што истакнуваат дека овој настан ќе остане како традиција каде младите пијанисти од Балканот, но и пошироко ќе имаат можност да ги афирмираат своите таленти. Тие се надеваат дека натпреварот “ПИЈАНОФЕСТ” ќе стане расадник на млади пијанистички надежи во регионов и пошироко, додаваат организаторите, кои ни дадоа и официјаните резултати по категории, кои ви ги пренесуваме во целост:

Mission News Theme by Compete Themes.