Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “фичо“ со отворен капак, безвременска машина и фотографија

Некои работи остануваат вечни, без разлика во која категорија се класифицирани, а без разлика кога се направени, предизвикуваат внимание. Но, кога се работи за автомобилите – олдтајмерите, секогаш привлекуваат внимание, а еден олдтајмер го предизвика вниманието на сите кои се најдоа на патот Битола-Ресен.

Се работи за популарното возило на овие простори, кое има половина век старост, популарното “фичо“, а забележавме еден зачуван модел кој се уште се движи по патиштата кој предизвика големо внимание на сите, посебно на помладите.

Сите кои го претекнуваа на патот го фотографираа, па и ние, бидејќи како поминува времето се помалку ќе ја има оваа слика – “фичо“ во движење со отворен заден капак за природно ладење на моторот.

Честитки за вредниот домаќин кој го зачувал ова возило, половина век и желба се уште да се движи по патиштата и да привлекува внимание.

Mission News Theme by Compete Themes.