Press "Enter" to skip to content

Кугларите куглаат во куглана без лиценца, а стигнаа до Светски куп во Германија, заедно со најелитните клубови

Второто место кои во изминатата сезона го освоија кугларите на Пелистер, ним и на Битола, им го донесе најголемото спортско признание во куглањето, а можеби и поголемо отколку што изгледа сега.

Куглaрскиoт клуб Пелистер вo свoјaтa истoријa, за првпат ќе игра нa светскиoт куп вo Лудвигсхaфен, Гермaнијa, 31. по ред, кој ќе се одржи од 1 до 5 октомври оваа година.

-Пишуваме спортска историја, за прв пат една битолска кугларска екипа ќе излези на најелитниот кугларски куп (Светски Куп) кој оваа година се одржува во   Германија, а ќе се натпреваруваме со шампионите во националните лиги од Европа. Тоа што овој светски куп е 31, по ред, само по себе кажува колку е значаен, вели Игор Михајловски, претседател на Пелистер.Но, објавувајќи го овој голем спортски настан и успех за нив, тие не пропуштија да соопштат дека тренираат и куглаат во тешки услови, а кугланата на кугларскиот клуб се уште не е лиценцирана.

-Се надевам дека таму никој нема да не праша каде тренираме, бидејќи ќе ни биде срам да одговориме немаме лиценцирана куглана две децении. Во таа кугларска елита ќе играме со клубови кои имаат буџети колку ние што имаме за 30 или 40 години, а оние најдобрите – колку ние за еден век од прилика и повеќе. Пусти спортски инает, некогаш чуда прави, напишаа по објавувањето на големиот успех.

Mission News Theme by Compete Themes.