Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале ги прогласи најдобрите и со откачена забава ја заврши јубилејната 10 сезона (фотогалерија)

-Ние знаеме дека го освоивме пехарот во најслабата лига, но знаеме дека продолжува нашето другарство и почитување, па затоа не ни е проблем каде сме први, нам ни се во преден план човечките вредности кои ги имаме сите, беше речено на завршната прослава на ФК Јени Маале со што ја затворија 10 јубилејна сезона за нас.Во ресторанот “Вила Виста“ се одржа прогласувањето на најдобрите поединци, а потоа со забава фудбалерите и управата на ФК Јени Маале ја завршија сезоната, која тие долго ќе ја паметат.-Ние знаеме дека играме во насллабата “Б“ лига, а не е подобра ни “А“ каде продолжуваме, но моментите кои ги поминавме заедно цела сезона, а и вечерва за нас се како да сме победиле не знам каде, ја започна прославата капитенот, Никола Пискачев, кој додаде:-Сите сме едно, сите сме заедно, но мораме да истакнеме некои поединци, кои дадоа малку поголем придонес во освојувањето на првото место, а секако и оние кои помогнаа да се одбележи оваа сезона.Претседателот на клубот, Благојче Делев, ги прогласи оние кои дадоа најголем учинок на теренот, а како рече тоа се најдобриот стрелец Васко Наумовски, а за целокупното залагање му додели признание на Никола Пискачев за организацијата на тимот и прославата.Управата на клубот на сите фудбалери кои беа во тимот сезонава им додели и медали како сеќавање на моментите, и секако за прераскажување на некои идни генерации кои ќе доаѓаат.На прославата беше, како рекоа пред се нивниот комшија, а и легендата на битолскиот, македонскиот и на ЈУ просторите, Митко Стојковски, кој доби специјално признание од клубот, а признание доби и Александар Пановски.На прославата беше речено дека ФК Јени Маале ќе продолжи со истото темпо на ангажирање на неколку фудбалери, а на што Митко Стојковски додаде дека време е лиценци за играње во Јени Маале да добијат и да играат во “А“ лигата, гимималците Димитар Капинковски, Миле Димов, Димче Ристевски, па ако затреба за финале или за опстанок и тој самиот.Како ново засилување беше промовиран сопственикот на “Вила Виста“, Бале Цветковски, кој е дел од населбата “Јени Маале“, кој помогна и во организацијата на прославата.Каде е Митко, сме навикнати да ги гледаме и Тони Мицевски кој вечерта беше гостин на ФК Јени Маале, кој им го честита пласманот во “А“ лигата каде веќе е силен ФК Поешево, каде и тој игра, а секако дека конкуренцијата ќе биде силна и дека и тој ќе мора да бара засилувања.По официјалниот дел следуваше традиционалната забава која како и останатите имаше и свое име, овој пат “Кршевка“, кој може да се рече дека беше од пооткачените забави кои се имаат случено, а беше уште еден доказ за големото другарство кое го имаат овие дечки, кои сепак се само аматерски фудбалери, а добро се покажаа и во изведна на познатите песни.Посебни емоции кај сите предизвика кога на најдобриот стрелец Васко Наумовски присутните му го честитаа раѓањето на неговиот син, а беше емотивно кога му го предадоа пехарот на легендата Митко.Ќе повториме дека во ова време-невреме кога се помалку има вакви средби, примерот на ФК Јени Маале треба и мора да го следат битолчани.Претходно, во одбележување на 10 годишнината беше одржана крводарителска акција во која беа вклучени сите фудбалери и упрвата, беше снимен и промовиран документарен филм, “Којоти на полна месечина“, а се одржа и фудбалски турнир “Јоше Џентиле“.Досега на забавите присуствуваа само фудбалерите и управата, а поради тоа што во овој период голем број од нив, како рекоа се изженија, се размислува завршната прослава да не биде само машка, а тука да бидат и нивните сопруги и девојки.

Mission News Theme by Compete Themes.