Press "Enter" to skip to content

Во “режија“ на Американското катче, денес проекција и дебата за “оскаровецот“-“20 Feet From Stardom“

По проекцијата присутните гледачи ќе имаат можност да поставуваат прашања до монтажерот на овој филм, г-дин Даглас Блуш.

Денес, битолчани, љубители на филмот, ќе имаат единствена можност да го гледаат филмот „20 Feet From Stardom“, кој во 2014 година освои Оскар за најдобар документарен филм, проекцијата е закажана за 20 часот во Малата сала на Центарот за култура – Битола.По проекцијата присутните гледачи ќе имаат можност да поставуваат прашања до монтажерот на овој филм, г-дин Даглас Блуш, кој е наградуван режисер, продуцент, монтажер, писател и кинематографер чија работа вклучува повеќе од 100 играни и телевизиски проекти. Негова неодамнешна работа е и филмот  „Icarus“ на режисерот Брајан Фогел кој доби Оскар во 2018 година, како и неодамнешниот документарен филм на HBO, документарецот „The Music of Strangers: Yo-Yo Ma“ и „The Silk Road Ensemble“ и двата од режисерот Морган Невил.

Даг е ко-сопственик на MadPix Inc, продукциска компанија во Лос Анџелес посветена на документарни и независни филмови. Тој исто така е долгогодишен филмски едукатор во USC, UCLA, Универзитетот Сиракуза и Фондацијата YoungArts во Мајами.

За филмот „20 Feet From Stardom“ Даг Блуш исто така ја доби наградата ACE Eddie за најдобра монтажа на документарен филм.

Проекцијата на филмот во Битола е спонзориран од American Film Showcase, а е поддржана од Амбасадата на САД во Северна Македонија и американските катчиња во Северна Македонија.

Mission News Theme by Compete Themes.