Press "Enter" to skip to content

Учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во посета на РЕК “Битола (фото)

Учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ ја заокружија учебната година со посета на АД ЕСМ Подружница РЕК – “Битола“ од страна на учениците од 5-а одделение со одделенскиот наставник, Весна Јанкулоска.Учениците од близу се запознаа сo изгледот на нашиот гигант, со неговите составни делови, згради, огромните хали, високите оџаци и разладните кули, со работата на термоелектраната и се запознаа со подетални факти за процесот и производството на електричната енергија.Целта на оваа посета беше и учениците да направат една споредба и анализа: од една страна на тежината на процесот на производство на електрична енергија и од друга страна на значењето на електричната енергија, за да практикуваат како да ја штедат истата, да стекнат уште едно ново позитивно знаење и искуство кои им се потребни понатаму во животот.

Mission News Theme by Compete Themes.