Press "Enter" to skip to content

Фондацијата Бибевски од Америка за подобра грижа за бездомните животни (фото)

Претставници од Фондацијата Бибевски од Америка, денес во Општина Битола имаа средба со Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На средбата се разговараше за реализација на заеднички модел од страна на општината и фондацијата, со кој ќе може да се обезбеди подобра грижа за бездомните животни, а истовремено да се обезбеди и бесплатна обука за ветеринари од Битола.Идната соработка на овој план, планирано е да се реализира во соработка со средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, каде би се користел простор за идните активности.

Фондацијата Бибевски е добротворна организација основана од македонци кои живеат во Америка.  Основна цел на фондацијата е да го подобри животот на животните во нашата држава. 

Во моментот фондацијата има зацртано 2 проекти: стерилизација на сите кучиња во Преспанско – Пелагонискиот регион и отварање на ветеринарна амбуланта во склоп на Ветеринарното училиште во Битола, која ќе пружи бесплатно лекување и грижа за животните во Преспанско- Пелагонискиот регион и ќе работи 24 часа на ден, со цел превенција и помош во итни случаи, исто така таму ќе се стерилизираат и кастрираат уличните кучиња бесплатно.

Mission News Theme by Compete Themes.