Press "Enter" to skip to content

Фото вест: една слика-1000 зборови, Битола ја сакаме ваква, кога се грижиме за неа

Критики за тоа каква е Битола, слушаме и гледаме секој дневно, во разговори меѓу пријатели, по социјалните мрежи, на електронските медиуми, а скоро секоја од нив е на место, што би рекол народот.

Но, во морето на лоши притики, редно е и да пофалиме некој поединец или фирма, а тоа да биде не само фалба, туку и поттик за некој друг да го направи тоа.

Објавуваме фотографија, која е направена утрови кај “Гроздот“, со која го потврдуваме второто мислење, ги пофалуваме екипите на “Комуналец“ кои секое утро се на терен и ги уредуваат зелените површини, а би сакале да ги поттикнеме сите битолчани да дадат придонес во уредувањето на градот.

Сите битолчани сакаме ваква да ја гледаме Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.