Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: кои се стилови на родителство и каков стил на родителство имаме?

Сега е време на летниот распуст кога не само децата туку и родителите се помалку оптоварени со школските обврски, па затоа овој период треба да биде подготвителен и за родителите кои имаат повеќе време да размислат за тоа како се однесуваат кон своите деца. Со неколку примери за стиловите на родителство ќе се обидеме да им помогнеме на некои родители да видат како се однесуваат кон децата, како ги воспитуваат, и како да најдат начин и тие да се корегираат.

-„Ти го разгалуваш детето и се му е  допуштено“, „Прави што сака?“„Ти се му забрануваш“ ….„Заради тебе детето е вака воспитано“….

Овие препирки помеѓу двата родители се чести, тие  укажуваат на различен стил на родителство кој секој родител го поседува. Имено двата родители доаѓаат од семејства каде ги воспитувале родители со одреден стил на родителство. Заради тоа  ние како родители  поседуваме  стил на родителство кој сме го превзеле од своите родители и одрастување во едно семејство. 

И ние обично го превземаме стилот на нашиот родител и правиме како што ни е  правено нам  или сосем спротивно може да завземеме сосем спротивен стил на родителство. Пример ако одрастувањето во прекрута средина на авторитарен родител, и не ни било добро (пријатно) тогаш ние на своите деца им пружаме многу малку структура и завземаме стил на  попустлив родител.

Ќе ги опишеме  стиловите на родителство и нивните ефекти врз децата. Со тоа да го препознаеме нашиот, да станеме свесни за неговите ефекти врз нашите деца. Постојат 4 вида познати  во литературата и тоа:

-авторитарно родителство,

-опустливо родителство,

-незаинтересирано родителство,

-демократско родителство,

-во последно време во литературата се зборува за т.н. родителство со почит или позитивно родителство.Авторитарно родителство:

Ваквите родители бараат од децата слепо следење на правилата што ги поставуваат, без образложение.

Детето мора послушно да ги следи нив бидејќи прекршувањето на правилата го казнуваат, често и физички, наметнуваат многу барања и строга дисциплина, а даваат малку љубов и не комуницираат отворено и покажуваат крутост и не даваат можност за избор и слобода на изразување.

 Ефекти, или децата на овие родители се послушни и исполнителни но несреќни, несигурни се и имаат ниско себепочитување, лесно се вознемируваат и често се однесуваат агресивно, може да пројават склоност кон ризично однесување, претежно воспоставуваат површни односи со врсници, потешко се адаптираат во социјалната средина

Попустливо родителство оди во друга крајност и ваквите родители така што не поставуваат јасни правила на однесување, малку се ангажираат во воспитување и подучувањето на своите деца, не ги поттикнуваат и не ги насочуваат децата кон зрело и одговорно однесување, не комуницираат оптимално со децата, одбегнуваат да превземат одговорност во обликувањето  на однесувањето на децата, се обидуваат да ги исполнат сите желби на децата и им дозволуваат да прават што сакаат, кога сакаат и како сакаат, градат повеќе пријателски отколку родителски односи со децата, т.е. немаат родителски авторитет.

Ефектите од ваквиот стил на родителство се емоционално подоцна созреваат, не се доволно одговорни, имаат ниско себепочитување, имаат низок праг на толеранција на фрустрација и низок степен на контрола на импулсите и потребите (реагираат бесно во многу ситуации обично кога не можат добијат она што го сакаат), може да пројават склоност кон агресивно и/ или ризично однесување, настојчиви се во барањата начини да привлекуваат внимание кон себе, при што може да ги прекршуваат правилата и законот, лесно се впуштаат во обвинување други за сопствените тешкотии и неуспеси, маат проблеми со авторитети и постигаат слаби резултати.Незаинтересирано родителство

Родителите кои преферират ваков стил на родителство се карактеризираат со тоа што тие се насочени се кон задоволување на сопствените потреби, малку комуницираат со децата, неодговорни се, ги отфрлаат или ги занемаруваат децата, имаат многу ниски барања  и очекувања од децата и ги задоволуваат само нивните основни потреби, не споделуваат нежност, минимално се вклучени во животот на децата (на пр. Многу ретко го прашуваат своето дете како му поминал денот во училиште, кои му се пријатели, дали има некаков проблем и сл.)

А, ефектите од негувањето на ваков стил на родителство, или децата на овие родители се недоволно се самостојни и имаат низок степен на самоконтрола, несигурни се и имаат ниска самодоверба, недоволно се вешти во социјалните односи, огорчени се на своите родители и во многу случаи се оттуѓуваат од нив во младоста, осамени се, исплашени и анксозни, малку се заинтересирани за училишните обврски, во адолесценцијата често манифестираат антисоцијално однесување (се оддаваат на проституција,  консумираат алкохол,  наркотични средства и сл.).Демократско родителство

Родителите кои со ваков стил на родителство ги воспитуваат своите деца ним им поставуваат на децата јасни правила и соодветни барања, ги разбираат, ги поддржуваат децата  и не се наметнуваат, отворени се за комуникација,  поттикнуваат размена на мислења и искуства, грижливи се и даваат многу љубов и топлина, доследни се и постојани во постапките и однесувањето, децата ги вклучуваат во донесувањето на дел од семејните одлуки ( во зависност од возраста), поттикнуваат независност и индивидуалност, но и придржување до прифатените правила, користат позитивно  поткрепување  за  учење  пожелно  однесување.

О друга страна пак децата на овие родители се одговорни, независни, имаат повисока самодоверба и себепочитување, имаат добра самоконтрола, среќни се и успешни, подготвени за соработка и помагање, имаат високи училишни постигања, подобро се адаптираат во социјалната средина (на пр.имаат поквалитетни односи со врсницитеи со наставниците).

Се смета дека демократскиот стил на родителство има и  најдобри ефекти. 

Во литературата се зборува за позитивно родителство за кое ке стане збор во нареден напис.

Mission News Theme by Compete Themes.