Press "Enter" to skip to content

“Психомодо Поп“ за прв пат во Битола, на “Битола отворен град“ на МКЦ

Голем музички концерт во организација на “Битола отворен град 2019“ кој ќе се одржи на 30 јуни 2019 година, на плоштадот “Гоце Делчев“ со почеток во 21 часот, а покрај главната група “Психомодо Поп“ ќе настапат и “Ласт Експедишн“ и “Дивље Свиње“.

Во Битола од 26 до 30 јуни ќе се одржи фестивалот “Битола отворен град 2019“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола. 

Главниот настан на фестивалот ќе биде настапот на групата “Психомодо Поп“, кој скоро четири децении е незаобиколен музички арбитер на овие простори на 30ти јуни за прв пат ќе настапи во Битола. Во 1983 година ја започна својата музичка историја. Првото име на бендот било Нерон, а потоа се преименуваа во Психомодо Поп. Бенд кој се напојувал на музиката на Ramones & Sex Pistols, вежбале по загребските гаражи, снимиле 15 албуми, со појава и сценски настап кој се памети и еве сеуште не ги напушта тој луд жар за настапи во живо пред стара, но и нова публика. Фронтмен им е харизматичниот Давор Гобац, а нивните хитови “Ја волим само себе”, “Секси магазин”, “Фрида”, “Рамона”, “Кад сам имао 16” ги пеат различни генерации веќе 35 години.Претходница на овој познат загребски бенд ќе биде македонската група “Ласт Експедишн“ една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол. Оваа година нивното реобединување дојде како супер освежување на сеќавањата на 90-тите.  Формирани 1986тата година во скопски Ѓорче Петров. Алтерантива на рок кој звучеше добро и тогаш, а сега ќе звучи уште пожестоко заради новите сили на бендот кои даваат спреј на новото време. Со нетрпение ќе очекуваме на Битола Отворен град да се вратат на трите студиски албуми и еден снимен во живо, а ќе ги слушаме песната за песот, Далеку си, Ќељав дабар, Шефе, Не е важно…и енергичниот хит Хеј хо, кој е најава за новиот албум кој наскоро излегува.

Новосадскиот панк квартет “Диви свињи“  доаѓа во Битола, тие се бенд кој се формирал спонтано во 2016 година и носи еден охрабрувачки звук кој испорачува канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од страна на првата генерација на светски панк артисти. Овој бенд на свој начин комбинира автентични панк елементи со панк рок додавка, неиспеглани гитарски баражи и препознатлива текстуална форма која е сурова критика на политичките и социјалните случувања во општеството. Нивниот албум кој носи Чомски инспириран наслов “Не гледајте телевизију” ќе го слушнете на концертната сцена во Битола преслушувајќи ги сонговите чии наслови се пораки за сами по себеси “Шишање”, “Канцелар”, “Бахатост”, “Јагњече бригаде”, “Правила”…

More from КултураMore posts in Култура »