Press "Enter" to skip to content

Стручен состанок со предавач од Турција за лекување на карцином на дојка (фото)

Во рамките на континуираната медицинска едукација, Здружението на лекари од Битола, во соработка со менаџерскиот тим на Клиничка Болница “Д-р Трифун Пановски“ – Битола организира стручен состанок на тема “Карцином на града – современ хируршки пристап“. 

Предавач на овој стручен состанок беше проф. д-р Ѓултекин Озан Кучук од медицинскиот факултет во Истамбул,  Република Турција, а состанокот беше акредитиран од македонската лекарска комора.Покрај новините во хирушкиот третман на карциномите на дојка се истакна комплексноста на болеста, поврзаноста на начинот на пристап кон лекувањето со социо-економската состојба на пациентот, психофизичката состојба како и важноста на биолошкото однесување на туморските клетки воопшто.

Предавањето беше посетено од лекарите специјалисти при Клиничка болница, хирурзи, гинеколози, анестезиолози, лекари од општа пракса, млади лекари кои треба да заминат на специјализација. Пред стручниот состанок, гостинот од Турција, имаше средба со менџерскиот тим на Клиничката болница, предводен од директорот, Зоран Лазаров, на кој беа договорени начините на идната соработка.

More from ВестиMore posts in Вести »