Press "Enter" to skip to content

Старите бригадири кои го градеа “Стрежево“, од утре во Битола, ќе бараат да има младински бригади, да пошумуваат, да градат… (фото)

По повод 40 години (1979 – 2019) Здружение за доброволно младинско работно ангажирање “Волонтери – Пелистер“, утре петок и сабота ќе биде домаќин на бригадири од цела Македонија кои учествуваа во Младинската работна акција “Стрежево“ во не така далечната 1979 година.

Овие бригадири, вклучени во своите бригади од цела поранешна Југославија, пред 40 години беа вклучени во изградбата на Браната “Стрежево“, и каналите кои донесуваат вода во вештачкото езеро “Стрежево“, а сето тоа се градело со несебична помош до 1981 година.Пристигнување на учесниците кои доаѓаат од странство ќе бидат сместени во студенстскиот дом “Кочо Рацин“ во Битола, планираните активности започнуваат во сабота со посета на Браната на акумулационото езеро “Стрежево“. Таму бригадирите ќе бидат запознати со основните податоци за хидро системот “Стрежево“ кои самите го градеа.

Како чин на потсетување на времето пред 40 години, присутните бригадири ќе засадат дрво во паркот на акцијашите околу езерото “Стржево“, а потоа ќе ја посетат бригадирската насебла во село Нижо Поле каде беа и сместени додека работеа.

Во Битола се враќаат на пладне и ќе ја посетат изложбата во завод и музеј Битола, во која ќе бидат изложени слики и останатите материјали од бригадирскиот живот, а потоа ќе пијат кафе на Широк Сокак.

За сите ќе има ручек, акцијашко гравче, во студенскиот дом “Кочо Рацин“, а свеченото одбележување, прославата на 40 годишнината со културно забавна програма на платното во студенискиот дом со почеток од 17 часот.

Битолските акцијаши потврдија дека сакаат и бараат да продолжи традицијата на младинските акции, секако денес под ново име волонтеризмот, а да се работи на пошумување, помали градежни зафати и секако се во насока на заштита на животната околина.По повод одбележувањето на 40 годишнината од формирањето на младинското работно ангажирање „Стрежево“, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес имаше средба со првиот претседател на општинската конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија – Битола, Душко Јанкуловски.

Градоначалничката Петровска, им даде посебно признание за нивната ангажираност во изградбата на ХС Стрежево, како и нивното младинско работно ангажирање за изградбата на „Пат на младоста“.

Mission News Theme by Compete Themes.