Press "Enter" to skip to content

КК Младост со благослов тргна на меѓународен турнир “Воштарица“-Задар (фото)

 
Кошаркарскиот клуб Младост ќе учествува на меѓународниот кошаркарски турнир “Воштарица 2019“ кој ќе се одржува во Задар, Хрватска. Тие на тргнувањето од Битола, ја посетија црквата “Св. Димитрија“ и со благослов на отецот тргнаа на патувањето до Задар.
 
На турнирот ќе учествуваат четири генерации на КК Младост, и тоа девојки родени 2004, момчиња родени 2003/4, микс момчиња и девојчина родени 2005/6 и микс момчиња и девојчина родени 2007/8 година.
 
Турнирот ќе се одигра во спортската сала “Крешимир Ќосиќ“ која располага со 5 спорски игралишта, а едната е големата каде ќе се играат финалињата.
 
Учесници на турнирот се и Вошратица, Адриатик, Пакостане, Задар, Белиште Братислава, Дугопоље, Водице и Триглав.
Mission News Theme by Compete Themes.