Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: групата “Банда“ на “Солстис“ на Широк Сокак (фото)

Во петокот на 21 јуни беше најдолгиот ден во оваа гидина, а на тој ден се одбележува празникот на музиката “Солстис“, една манифестација која опстојува во нашиот град повеќе од 10 години, а е од стартот иницијатива на Француската алијанса од Битола, се сеќава Димче Миновски.-Оваа манифестација е дел од традицијата на Битола, бидејќи знаеме колку е тешко да се организира една манифеастација еднаш, два или повеќе пати, а камоли повеќе од десет пати. Кога се зборува за “Солстис“ како се нарекува овој празник на музиката, мора да ја споменеме Калиопа Стилиновиќ, почесниот кунзул на Франција во Битола, која е најзаслужна за одржувањето на оваа ретка прилика, кога цел Широк Сокак е исполнет со музика, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.Миновски, се присеќава дека, според него, а и според многумина битолчани, пред 10 години настапот на групата “Банда“, бил еден од највпечатливите, а битолчани уживале и марширале, заедно со музичарите од некогашното кафуле “Еф-икс“  кај Стаклената, се до Камен мост и уживале во музиката.