Press "Enter" to skip to content

Од денес, 23 до 28 јуни, Шекспир живее во Битола, во официјална конкуренција 6 претстави

Свеченото отворање на Шекспир фестивалот, ќе биде денес, недела, 23 јуни со претставата, “Кротење на фуријата“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, а фестивалот ќе го има мотото “…И на крајот вистината ќе се дознае…“.

Шесте претстави од пет држави се избрани откако театрите аплицираа на конкурсот кој го објави народниот театар од Битола, домаќин на Шексир фестивалот.

-Ќе учествуваат театарски ансамбли од Хрватска, Италија, Романија, Шпанија и Македонија, кои одговорија со апликации, а тие на шесте фестивалски дена, ќе понудат добро подготвени изведби. Програмата се разликува по својата естетика и по уметничкиот третман на делото на Шекспир, вели Иван Јерчиќ, директор на Народен театар од Битола.

“Кротење на фуријата“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, е претставата која, вечерва на големата сцена на НТБ ќе ја има честа да го отвори фестивалот. Претставата го третира проблемот на позицијата на жената во денешното општество, преку делото на Шекспир, односно тоа е едно современо читање на Шекспир. Режисер на претставата е Иван Плазибат.

Организаторот, Народниот театар од Битола, нема да има своја претстава на годинашниот фестивалот, бидејќи како рече Илина Чоревска, уметнички раководител на НТБ, бидејќи ниту еден од режисерите не предложи да го работи Шекспир во Народниот театар.

Во “Офф-програмата“ ќе има промоција на книга, работилница за деца, настап на аматерска театарска група, настап на студенти – идни актери, дебатно кино со проекција на филм и неформални дружења на учесниците на „Битола Шекспир фестивал“ со познати бендови и диџеи.

Фестивалот е поддржан со 1,7 милион денари од Министерството за култура и 1 милион денари од Општина Битола  и со спонзорства.

Официјална и “офф програма“:

23.06.2019, НЕДЕЛА

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, ХНК СПЛИТ- ХРВАТСКА „КРОТЕЊЕТО НА ФУРИЈАТА”

24.06.2019, ПОНЕДЕЛНИК

10:00 ч, ФОАЈЕ НА НУ НТБ, РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА „ИЗМИСЛИ ГО ШЕКСПИР”
20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, IMPERFECT DANCERS COMPANY- ИТАЛИЈА, „ЛЕЈДИ МАКБЕТ”

25.06.2019, ВТОРНИК

12:00 ч, НОВА СЦЕНА НУ НТБ, „I HATE SHAKESPEARE”
Драмска аматерска група Гимназија „Јосип Броз Тито”-Битола

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, IMPERFECT DANCERS COMPANY – ИТАЛИЈА
„ХАМЛЕТ”

26.06.2019, СРЕДА

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, NAVE 73 THEATRE – ШПАНИЈА, ,,ЈУЛИЈА и ОФЕЛИЈА, ДОЖИВОТНИ САМОУБИСТВА’’

22:00 ч, НОВА СЦЕНА НУ НТБ, ,,ШЕКСПИРИЈАДА’’, Факултет за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје,

27.06.2019, ЧЕТВРТОК

12:00 ч, ФОАЈЕ НА НУ НТБ, Промоција на книгата,,ЗА МИЛОСТА РАЗМИСЛУВАЊА НА ШЕКСПИР’’ од ПИТЕР БРУК
19.00 ч, МАЛА САЛА НУ ЦКБ, Проекција на КРВАВИОТ ПРЕСТОЛ (1957), Дебатно кино ,,Контра кадар’’ – Битола
20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, ARADI KAMARASZINAHAZ THEATRE COMPANY, ARAD – ROMANIA, THE CLASSICAL THEATRE “IOAN SLAVICI”, ARAD – ROMANIA
SHAKESPEARE FESTIVAL – GYULA CASTEL THEATRE, “РОЗЕНКРАЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“

28.06.2019, ПЕТОК

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, ДРАМСКИ ТЕАТАР, СКОПЈЕ – РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, “КРАЛ ИБИ“

More from КултураMore posts in Култура »