Press "Enter" to skip to content

За битолчанецот Бејхан Рамов зборува цел Балкан, победи на “Никад није касно“

45 годишниот битолчанец, Бејхан Рамов, кој по преофесија е зидар, е прогласен за победник, според гласовите преку СМС, во финалето на големиот натпревар и големо балканско шоу на “Гранд ТВ“ во Србија,  “Никогаш не е доцна”.

Не само што ги освои срцата, а потоа и гласовите на гледачите на ова шоу, за него не престанува да се зборува низ целиот регион и по победата. Како  што самиот Бејхан вели, негов идил е Шериф Коњевиќ, а тој почнал да работи со музика на возраст од девет години, кога почнал да пее големи турски хитови, бидејќи неговата мајка по потекло е Турчинка.

-Се чувствувам добро, сакам да пеам на сите јазици турски и на српски… Идол е мојот Шериф Коњевиќ, мојата желба е да се сретнам со него, рече Бејхан минатата ноќ за српски ”Блиц” од каде се земени и фотографиите.

Инаку, корпулетниот Бејхан, секогаш може да се виде низ битолските улици, а сигурни сме дека скромниот Бејхан, ќе биде истиот како и пред победата.

Mission News Theme by Compete Themes.