Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ЈП “Комуналец“ ги уредува маалските паркови

Јавното претријатие “Комуналец“ продолжува со работата според планот за одржување на парковите низ градот, а покрај тоа што работат на уредување на Градскиот парк, паркот кај Саат кулата и други паркови во центарот, тие работат и на малите, како мештаните ги нарекуваат, маалски паркови.

Екипи на “Комуналец“ седмицата која измина беа на терен, а работеа кај паркот кај “Тодор Ангелевски“; по улиците од тој реон, а го искосија и средија, како и останатите мали паркови, и паркот во населбата “Ушици“.

Жителите ја поддржаа работата на “Комуналец“ а потоа продолжија сами, а помагаа и децатам да се доуреди паркот, кој секогаш е полн со луѓе, од наутро кога бабите и дедовците со внуците, бељотчиите  во попладневните часови, а тинејџерите се во секое време на денот.