Press "Enter" to skip to content

Во “Плинмонт“ проверка и полнење на авто-клими само за 10 минути (фото)

Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, за време на летни горештини знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема испаравен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“ набави нови машини, за што велат:-За да им излеземе во престер на нашите муштерии и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго време набавивме и сега работиме со пет машини за полнење на фреон за сите видови на автомобили и товарни возила, со кои работаат обучени и квалификувани мајстори. Сервисот ни дозволува наеднаш да поправаме и по неколку возила, па така можеме да кажеме дека за основната летна поправка на клима уредите во возилата, проверка и полнење со фреон на клима уредот, ни се потребни само десетина минути. Тука мора да се спомене и тоа што испитувањето на системот за клима уред го правиме со азот.За оние клима уреди кои имаат поголем дефект од “Плин монт“ велат дека ги поправаат за најбрзо време, бидејќи ги имаат на лагер сите резервни делови.Од “Плин монт“ истакнуваат и дека не прекинуваат со монтирање и поправка на автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”, кои важат за едни од најдобрите светски автогасни системи, а како се снаоѓаат во летната гужва од таму велат:-Како што рековме испитувањето и полнењето на клима системите го правиме веднаш и трае десетина минути, а поголемите поправки се трудиме да ги закажеме за да нема непотребно чекање во сервисот, го дијагностицираме дефектот и закажуваме за најбрзо време. Секако доколку некој наш редовен корисник тргнува на пат, а посебно ако е со мали деца излегуваме во престер и поправката ја вршиме веднаш.