Press "Enter" to skip to content

В сабота полагање за ДАН појаси и семинар во Битола, гостин Ана Врачаревиќ

Аикидо федерацијата на Македонија, со седиште во Битола го врши последните подготовки за големиот настан полагање за ДАН појаси.

Претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија, за ова полагање вели:-Пред една седмница во Кочани имавме подготвителен семинар за полагање појаси, а полагањето ќе се одржи во Битола, в сабота на 29 јуни. Будо центарот ќе биде домаќин на аикидо семинар и полагање за мајсторски – црни појаси, односно дан-полагање, во организација на Аикидо федерацијата на Македонија. Очекувам да има голем број на пријавени кандидати, според тоа како се подготвуваа кандидатите кои ги следев на подготвителниот семинар и на другите семинари и тренинзи кои ги посетив, вели Ѓуро Илиќ, претседател на комисијата за полагање на ДАН појаси.Овој семинар и полагање ќе биде во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј 50 години џудо-клуб Пелистер, за што Илиќ вели:

-Оваа година е јубилејна, а овој семинар е вклопен во програмата за прослава на 50 години џудо клуб Пелистер. Гостин на семинарот ќе биде Ана Врачаревиќ од Белград, која ќе биде дел од стручната комисија за полагање, а ќе има и презентација на семинарот.

Фотографии: Владимир Крстев

Mission News Theme by Compete Themes.