Press "Enter" to skip to content

“Friday night fever“ или одлична забава на ретро-журката “Влез саде парови“ во “Орфеј“ (фото)

-Ди-џеј, Славе Келешовски, ја започна ретро-журката “Влез саде парови“, со песната на  Пинк Флојд, рок ритам и култните зборови “We don’t need your education“…. од  албумот “Another brick in the wall“, а се редеа други познати хитови од 80-тите години и атмосферата започна да се загрева.Петок, летна ноќ создадена  за диско журка. Порта џез со диско амбиент. Ди-џеј Славе Келешовски зад пултот ја започнува диско журката во чест на култната дискотеката „Орфеј“ која беше затворена во 1989 година.-Со вас е вашиот единствен, ненадминлив, ди-џеј, Славе Келешовски, ја започна ретро-журката “Влез саде парови“, со песната на  Пинк Флојд, со звуци на рок ритам “We don’t need your education“ ….култна песна од  албумот “Another break in the wall“, а се редеа други познати хитови од 80-тите години и атмосферата зашпочна да се загрева.Многу присутни на ретро журката кои се забавуваа и за миг  се вратија во младоста не само со спомени туку и со звуците од младоста, пријателите со кои излегувале дружеле, некој во кого  биле вљубени…-Убаво е да се вратиш во младост и да ги видиш пријателитс…  изјавија некои од присутните кои додека фотографираме се забавуваа на музиката на која се забавувале  и излегувале во  диско „Орфеј“ пред повеќе од 30 години.Меѓу присутните беа старите рокерите од тоа време и другите кои како велеа “киснеа во Орфеј“, Томче Пајнцата, Сотир, Нинџата, Кокале, Паљото, Станко, Кекело и други. Истиот  состав од на врата Тале Аврамот и Бабушот. Организаторите Сашо Спасевски – Ѕунѕо и Драги Лажијовски – Брус Ли расположени што нивната идеја која започна на кафе муабет успешно се реализира.-Еве конечно се реализира тоа што го подготвувавме и најавувавме цел месец. Диско журката “Влез саде парови“, привлече многу луѓе вљубеници на диско музика и дискотеката “Орфеј“ . Сите расположени и за миг вратени во младоста“. Тука вечерва е познатиот ди-џеј  Славе Келешовски кој е топ подготвен со музика која ја направи атмосферата незаборавна. Сигурно е дека ова ќе прерасне во традиција и веќе имаме некои нови идеи за следната година кои ни дојдоа на ум спонатно од оваа атмосфера и луѓето кои се присутни тука. Само тие можат да ја разберат, почуствуваат и  соживеат со неа. Спомените  најповеќе се враќаат со мирис но и звуци  на музика кои ја  направија  диско вечерта единствена, видно среќен вели Ѕунзо.-Атмосфера што владеше тука оваа вечер, чувствата кои се чувствуваа низ воздухот на летната ноќ, носталгијата… не се опишуват со зборови само може да ја почуствуваат луѓето кои излегувале во “Орфеј“, се дружеле, имале свои фори, мајтапи, додава Брус Ли.Но, вечерта која беше вио знак на оние кои дел од младоста  поминаа во дискотеката “Орфеј“, сепак ја одбележа ди-џеј Славе Ќелешовски, кој сите ги врати во она време.-Која започна оваа идеја да се спроведува на дело почустувам дека ова ќе биде незаборавна ноќ, па затоа кога ме прашавте што очекувам Ви реков дека ќе биде супер забава. Кога се видов со организаторите, во чија екипа бевте и вие со вашиот портал, почуствував толку позитивна енергија што ретко сум ја чуствувам. И сете се се исполни, поминавме одличен петок вечер, не фати и сабота, а мислам дека со ова расположение и куп добри гратски битолчани можевме да теараме и до недела, ни рече ди-џеј, Славе Келешовски.Тој што е во душата рокер ќе остани рокер и до 100 години, тука нема млад или стар… Музиката не познава и нема граници, е мислата со која сите си заминаа од “Порта џез“, а веруваме дека со нетпрени се чека наредната до годона, иако има предлози да се повтори и назима, за време на новогодишните и божикните празници.

Жанета Ристевска