Press "Enter" to skip to content

“СМОТРА #9“ фестивал на електронска музика

Годишниот настан “СМОТРА #9“ ќе се одржи на 5. и 6. јули на Новата сцена при Центарот за Култура и во Старата Битолска Чаршија. 

СМОТРА е мултимедијален проект во форма на музички фестивал креиран од млади ентузијасти кој како главна цел има да ја децентрализира електронската музичка сцена и да ги приближи младите од Битола и Македонија до современата уметност.
Со необични локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Овогодинешното издание ќе се одвива два дена од кои:

Ден 1 / 05ти Јули 2019 – Петок / 17:00 ч. – 21:00 ч. / Нова Сцена – Центар за Култура – БитолаПанел Дискусија: Што претставува технологијата за иднината на музиката?

Технологијата со децении ја промени музиката, од воведувањето на синтисајзерот до поп-иновацијата на „авто-тјун”, а сега сме дури и сведоци на поп ѕвезди на проширена/виртуелна реалност. Но, колку различна ќе биде иднината на музиката?

На панел дискусијата учество ќе земат реномирани личности во сферата на музиката и информатичките технологии. 

Ден 2 / 06ти Јули 2019 – Сабота / 21:00 ч. – 02:00 ч. / Стара Битолска Чаршија / ул. Панда Чеснова

Фестивалска вечер 

 
Line-up:
 
◥ BINARY THOUGHTS
 
Mission News Theme by Compete Themes.